проф. д-р Афет Мамути
член на Комисијата за помилување
Биографија
Проф. д-р Афет Мамути е редовен професор на Правниот факултет при Универзитетот во Тетово, со долгогодишно академско, научно и институционално искуство во областа на граѓанското право. Докторирал на Правниот факултет при Универзитетот во Тирана каде што претходно ги завршил и магистерските студии по граѓанско право, додека додипломските студии ги завршил на Универзитетот во Тетово.
Во текот на својата професионална кариера бил вклучен во повеќе значајни институции и тела, меѓу кои како член на Работната група за изработка на Граѓанскиот законик, член на Комисијата за помилување и член на Стручниот совет на Нотарската академија. Исто така бил претседател на Комисијата за нотарски испит, советник во процесот на преговори со Европската Унија и заменик-генерален секретар на Собранието.
Автор и коавтор е на повеќе научни трудови и публикации од областа на граѓанското и семејното право, објавени во домашни и во меѓународни научни списанија. Активно учествува на научни конференции и проекти поврзани со правото, европската интеграција и правните реформи.