Д-р Александар Љ. Спасов

Д-р Александар Љ. Спасов

Советник за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања

е-маил: [email protected]

телефон: +389 2 3253 118, +389 70 324 729

Биографија

Д-р Александар Љ. Спасов е вонреден професор на теоретски правни науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде предава од 2008 година. Роден е во Скопје, основното образование го завршил во Скопје и Краков, Полска, а средното образование во Скопје. Дипломира на правни студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2005 година. Магистрира на правни науки во областа на теоријата на правото во 2010 година, а докторира на правни науки во 2015 година на истиот факултет.

Од 2007 година бил програмски менаџер и координатор на политичкото образование во Прогрес-Институт за социјална демократија. Бил надворешен соработник за јавни политики во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Репбулика Северна Македонија (2017-2019) и експерт за квалитет во високото образование при Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија (2017-2019).

Д-р Александар Љ. Спасов бил стипендист и практикант на Германскиот Бундестаг во 2006 година. Остварил повеќе истражувачки престои, меѓу кои на Институтот за компаративно јавно право и меѓународно право „Макс Планк“ во Хајделберг во 2013 година, каде што, во рамките на своите докторски студии, истражувал во сферата на концептите на државниот суверенитет во современиот меѓународен поредок. Од 2012 до 2018 година бил ко-уредник на научното и стручно списание „Европско право“. Автор е на повеќе монографии и научни и стручни трудови од областа на теоријата на државата и правото, меѓународното право, меѓународните односи и правото на ЕУ.

Зборува англиски, германски и јужнословенска група на јазици (српски, хрватски, босански и црногорски јазик), а разбира и полски јазик.

Оженет е со Магдалена, исто така, дипломирана правничка, и е татко на Лидија.