Билјана Блажеска

Билјана Блажеска

Аѓутант на претседателот на Република Северна Македонија

е-маил: [email protected]

телефон: +389 2 3253 106

Биографија

Полковник Билјана Блажеска e аѓутант на претседателот на Република Северна Македонија од aвгуст 2019 година.

Таа влезе на служба во Армијата во 2001 по завршување на стручното оспособување и усовршување на офицери за служби за потребите на Копнената војска на Армијата. За време на својата кариера изршувала неколку должности почнувајќи како поручник, командир на вод во „Логистичкиот наставен центар“, касарна Ѓорче Петров, Скопје, за во 2004 година да биде унапредена во чин капетан и да биде поставена на должност командир на чета во касарната во Велес. Од 2006 година својата кариера ја продолжува како штабен офицер во областа на логистиката во делот на управување со материјалните ресурси и тоа, во Командата за логистичка поддршка, 2006-2010 и во Ј-4 на Генералштабот на Армијата, 2010-2012 година. Од 2012 – 2017 извршува должност Началник на одделение за набавки во Бригада за логистичка поддршка, Скопје, а од 2017-2019 е поставена во Ј-4 во Генералштабот на Армијата како офицер за управување со материјални ресурси.

Завршила специјализација за командни и штабни должности на Воената Академија, Скопје во 2013 година.

Од  Јуни 2018 до Јануари 2019 учествуваше во мисијата „Одлучна поддршка“ во Командата за обука, советување и асистенција на главниот град-Кабул (КОСА-ГГ), Авганистан, и тоа  како офицер за советување и развој на Авганистанските национални безбедносни сили и како началник на Ј-4 во КОСА-ГГ.

Работела на проекти за развој и унапредување на опремувањето на Армијата, за унапредување на менаџирањето со материјалите и аквизицијата во одбраната, во процесот на набавки, како и во унапредување на логистичката поддршка на единиците како во мир така и во воена состојба, и при упатување на мисии надвор од земјата. Има заврешено повеќе видови на курсеви и има учествувано на повеќе национални и мултинационални вежби во земјата и во странство.

За нејзиното залагање во работењето има добиено златна значка на Армијата на Република Северна Македонија во 2019 година и има добиено медал за учество во мировна мисија „Одлучна поддршка“.