М-р Билјана Мицевска-Јосифовска

М-р Билјана Мицевска-Јосифовска

Шеф на протокол

е-маил: [email protected]

телефон: +389 75 222 999

Биографија

М-р Билјана Мицевска-Јосифовска се приклучи на Кабинетот на претседателот по работното искуство во Министерството за правда каде работела како шеф на кабинетот на министерката д-р Рената Дескоска.

Дипломирала на Институтот за политички студии при Правниот факултет „Јустинијан Први“, а магистрирала на Европски студии по интеграција и комуникации на тема “Европски стандарди и одговорноста за клевета и навреда во Република Македонија” при Универзитетот “Св. Кирил и Матодиј” – Скопје.

Пред ангажманот во Министерството за правда работела во кабинетите на претходните претседатели на Република Северна Македонија, г. Бранко Црвенковки и д-р Ѓорге Иванов.

Учествува во работниот комитет на техничко ниво за НАТО интеграции и преговарачкиот тим за ЕУ интеграции -Поглавје 23.

Мицевска-Јосифовска е ад-хок предавач на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев.

Течно говори англиски  и германски јазик.