проф. д-р Драгана Батиќ
член на Комисијата за помилување
Биографија
Проф. д-р Драгана Батиќ е редовен професор на Факултетот за безбедност – Скопје, при Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Таа е доктор по психолошки науки со специјализација во областа на клиничката психологија. Поседува лиценца за вршење психолошка дејност во областа на психологијата на здравје – психотерапија и активен член е на Комората на психолози на Македонија.
Професионалната кариера ја гради низ долгогодишно практично искуство во Центарот за социјална работа (1990 – 2007) каде што работи на дијагностика и психосоцијална интервенција. Нејзиниот ангажман е насочен кон поддршка на ранливи категории, вклучувајќи малолетни престапници, жртви на семејно насилство и злоупотреба, како и медијација кај конфликтни семејства и брачни парови во процес на развод. Од 2007 година е во постојан работен однос на Факултетот за безбедност и се фокусира на клиничката, криминалистичката и пенолошката психологија.
Батиќ е еден од основачите на бесплатното Психолошко советувалиште за студенти при УКЛО и има завршено бројни едукации од областа на психотерапијата. Авторка е на пет книги и над педесет научни труда, а нејзината експертиза е потврдена преку учество во многубројни меѓународни и домашни научно истражувачки проекти и конференции.