Елена Пресилска

Елена Пресилска

Посебна советничка за стратешки комуникации во надворешна политика

е-маил: e.presilska@president.mk

телефон: +389 75 231 368

Биографија

Во Кабинетот на претседателот доаѓа од Министерството за надворешни работи, каде во периодот од 2017 до 2020 год. беше портпарол и раководител на секторот за односи со јавност, по што, во септември 2020 год. преминува во Секретаријатот за европски прашања во Владата на Република Северна Македонија, на позицијата шеф на кабинетот на Заменик претседателот на Владата задолжен за европски интеграции, до јануари 2022 год. До 2016 г. работи во Подгорица, одговорна за настани и медиуми во секторот за комуникации на ЕУ Делегацијата во Црна Гора. Има и над 10-годишно работно искуство во приватниот комуникациски сектор, започнувајќи ја својата професионална кариера во првата и најголема регионална агенција за комуникации, како PR & Аccount Manager.

Професионалец во областа на комуникациите со големо искуство стекнато во односи со јавност, лобирање, менаџмент на проекти, настани, маркетинг и рекламирање, како во јавниот така и во приватниот сектор. Низ долгогодишно професионално искуство во водечки организации и со докажаните способности, успешно се справува со креирање комуникациски стратегии, планирање на проекти, креирање видливост на бренд, планирање на буџет, подготвување  извештаи и менаџирање настани. Од Европскиот институт во Брисел (L’Université catholique de Louvain) има меѓународен мастер по европски студии (International Master in European Studies – Policy Adviser and Project Consultant ), а од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје диплома за професор по француски јазик и книжевност. Покрај француски, зборува и англиски, српски/хрватски/црногорски/босански јазик, а има и делумни познавања на италијански, шпански и грчки јазик.