Горан Момироски

Горан Момироски

Заменик генерален секретар

е-маил: [email protected]

телефон: 

Биографија

Горан Момироски, заменик-генералниот секретар во Кабинетот на претседателот е дипломиран новинар со долгогодишно работно искуство во повеќе медиуми во земјава, меѓу кои МТВ, „А1“ ТВ, ТВ „Канал 5“, МИА, ТВ „Алфа“, а соработувал со голем број меѓународни организации и медиуми во регионот.

Во текот на бегалската криза во 1999 година и на воениот конфликт во 2001 година бил шеф на Одделот за комуникација при Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации, а работел и како регионален координатор за комуникации на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.