Катерина Цаневска-Арсовска

Катерина Цаневска-Арсовска

Советник за односи со јавност

е-маил: [email protected]

телефон: +389 76 45 55 46

Биографија

Катерина Цаневска Арсовска се приклучи на Кабинетот на претседателот по повеќе од три децении искуство како новинар и уредник во неколку медиуми во земјата, односи со јавност и портпарол.

Како новинар покривала за настани во земјата и странство и известувала за сите клучни настани од поновата историја на земјата.

Била уредник во неколку медиуми, а дел од професионалната кариера, известување и дообразување минала и во странски медиуми. Учествувала во проекти за медиумски слободи и човекови права.

Како советник за односи со јавност и портпарол работела на ФОН Универзитетот, општина Центар во Скопје и во Собранието на Република Северна Македонија, каде соработувала со медиумите и работела на транспарентноста на институциите за граѓаните, млади и граѓанскиот сектор.

Дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан први“. Магистер е по правни и политички науки, отсек меѓународно право и медиуми.

Била набљудувач на изборни циклуси во повеќе држави. За новинарската работа, добитник е на неколку награди.