Комисија за одликување
Во согласност со своите уставни надлежности и ингеренции, претседателот доделува одликувања и признанија во согласност со закон. За таа цел се формира и Комисија за одликувања и признанија.
Комисијата за одликувања и признанија е постојано работно тело на претседателот на Република Северна Македонија составено од претседател и членови коишто ги именува претседателот од редот на истакнати поединци и претставници од соодветни државни органи и организации, здруженија на граѓани, научни, стручни и други институции.
Комисијата работи врз основа на одредбите на Законот за одликувања и признанија на Република Северна Македонија.
Иницијативите за доделување одликувања и признанија се доставуваат до Комисијата за одликувања и признанија на претседателот на Република Северна Македонија. Комисијата потоа ги разгледува доставените иницијативи на седница и врз основа на стручна анализа утврдува мислење за основаност на барањата содржани во иницијативите. Комисијата, на крајот на претседателот му доставува предлози за доделување на соодветно одликување или признание.
Ордени на Република Северна Македонија
- Орден на Република Северна Македонија
- Орден “8 Септември”
- Орден “Илинден – 1903 година”
- Орден за заслуги за Република Северна Македонија
- Орден за воени заслуги
Медали на Република Северна Македонија
- Медал за заслуги за Република Северна Македонија
- Медал за храброст