Совет за млади
Советот за млади работи под покровителство на Претседателката, која се обврзува не само да ги слуша младите, туку и активно да ги вклучи во процесите на управување и стратегиско планирање на иднината на Републиката. Оваа заложба гарантира дека развојот на земјата ќе се темели на визиите, стремежите и потенцијалот на сите нејзини граѓани, обезбедувајќи просперитет и инклузивност.
Затоа е формиран Совет за млади, како повремено работно тело кое треба да ги разгледува и анализира прашањата поврзани со младите, младинските политики и иницијативите кои произлегуваат од потребите на младите со цел да се унапреди нивната положба во општеството.
Членовите на Советот за млади се истакнуваат со своите лични квалитети и ангажираност, при што составот ги одразува принципите на етничка и родова инклузивност. Ваквиот состав обезбедува претставување на различностите и потенцијалот на младите, создавајќи платформа за рамноправен дијалог и заеднички развој.
Претседател на Советот за млади е Лина Рангелова.
Членови: Кети Костовска, претставник од Министерство за образование и наука; Кристина Антовска, претставник од Министерство за социјална политика, демографија и млади; Ивана Митреска, претставник од Министерство за спорт; Драгана Бојковска, координатор на Клуб за младински прашања и политики; Арта Ќерими, Александар Каратошо, Марија Крстева, Дамјан Коњановски, Филип Ивановски, Александар Николовски, Ива Трпески, Кристијан Лазарев, Дарко Трајкоски, Доан Сулејманоски, Греса Ќаил, Филип Ивковски, Елена Спасевски, Дениз Мифтари и Христијан Илиевски.
Во работата на Советот за млади можат да бидат поканети да земат учество и научни и стручни работници, како и претставници од научни и образовни установи, младински и студентски здруженија како и претставници на организациите на стопанствениците од земјата.
Претседателот и членовите на Советот, во духот на посветеност кон подобрување на положбата на младите во општеството, ја извршуваат својата улога без да примаат материјален надомест за нивните активности и придонес во работата на Советот.