Кристијан Георгиевски

Соработник за дигитални медиуми и продукција

е-маил: [email protected]

 

Биографија

Кристијан Георгиевски, роден во Скопје, е специјалист за информатички технологии, со докажана експертиза за дигиталните комуникации и социјалните медиуми, фото и видео продукција, со повеќегодишно искуство во дигиталниот маркетинг, одлични технички вештини за работа со дигиталните алатки и платформи.

Георгиевски е дел од Кабинетот на претседателот од мај 2019, каде е задолжен за водење на активностите на претседателот на социјалните медиуми, креирање и имплементирање на комуникациски стратегии наменети за социјалните медиуми на претседателот, следење и анализа на истите, изработка на фото и видео материјали од активностите на претседателот, графички дизајн на содржини за социјалните медиуми како и развој и одржување на веб-страницата на претседателот.

Претходно од 2017-2019 бил дел од Кабинетот на министерот за земјоделство во Владата на Република Северна Македонија каде бил задолжен за водење на активностите на социјалните медиуми на министерот, фото и видео продукција како и за графички дизајн за потребите на министерството.

Георгиевски има дипломирано на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ.