#ОтворенКабинет
Дополнително ќе бидете известени за терминот на посета.
Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија и Вила Водно се отворени за сите граѓани.
Секој што има желба и интерес, ќе има можност одблизу да ги види Кабинетот, работните простории на Вилата, на вработените во Кабинетот на Претседателот, салите каде што се организираат свечености, настани, прес – конференции, средби, седници на Советот за безбедност, предавање на акредитиви од странски амбасадори и останати официјални активности на претседателот на државата.
Посетителите ќе имаат можност да се информираат за историјатот на објектот во којшто е сместен Кабинетот на Претседателот и да присуствуваат на настани од јавен карактер.
Досегашните посетители на Вила Водно се граѓани од различни возрасти и занимања, студенти од земјава и странство, како и ученици од основни и средни училишта од земјава.
За посета на објектот Вила Водно секој граѓанин може да се пријави на формуларот во прилог.
* Почитувани, лицата коишто се пријавуваат за учество во проектот „Отворен Кабинет“, подлежат на редовни безбедносни проверки, врз основа на коишто ќе бидат разгледувани нивните барања. Редовните безбедносни проверки се стандардна практика за сите посетители во Вила Водно, со цел да се овозможи безбеден и комфорен престој и непречено одвивање на активностите.
Пријавa
Досегашни посети:
Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје
Денеска Кабинетот на Претседателот, во рамки на активноста Отворен Кабинет, го посетија ученици од шесто одделение при ООУ „Григор Прличев“ од Скопје. За време на посетата, учениците беа запознаeни со историјатот на објектот во...
Посета на граѓани на Кабинетот на претседателот во рамки на Отворен Кабинет
Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, денеска го посетија група од над 30 граѓани, во рамки на активноста Отворен Кабинет. Посетителите остварија средба со...
Средба на претседателот Пендаровски со учесници во програмата Родум од Македонија
Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници од програмата Birthright Macedonia – Родум од Македонија. На средбата соговорниците го информираа претседателот Пендаровски за програмата којашто седма година ја спроведува...
Отворен Kабинет со ученици од ООУ „Војдан Чернодрински“ – Скопје
Во рамки на активноста Отворен Kабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Војдан Чернодрински“ од Скопје. Посетителите ги разгледаа просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби на...
Отворен кабинет со ученици од ООУ „Исмаил Ќемаљи“ од Скопје и ООУ„ Дитуриа“ од општина Сарај
Ученици од ООУ „Исмаил Ќемаљи“ од Скопје и ООУ„ Дитуриа“ од општина Сарај, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска го посетија Кабинетот на претседателот. Учениците имаа можност со...
Посета на ученици од општина Шуто Оризари во рамки на активноста Отворен кабинет
Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од СУГС „Шаип Јусуф“ и ООУ „Браќа Рамиз Хамид“ од скопската општина Шуто Оризари. Посетителите имаа...
Отворен Кабинет за основци од училиштата „Наум Наумовски Борче“, „Свети Климент Охридски” и за деца од скопската градинка „13 Ноември“
Ученици од ООУ„Наум Наумовски Борче“, од ООУ „Свети Климент Охридски" од Скопје и деца од скопската градинка „13 Ноември“, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Пендаровски во рамки на активноста Отворен Кабинет. [gallery...
Отворен Кабинет со ученици од ООУ,,Вера Циривири – Трена, од ООУ „Киро Глигоров“ од Скопје и од ООУ „Илинден“ од Крива Паланка
Ученици од ООУ,,Вера Циривири – Трена“ и од ООУ „Киро Глигоров“ од Скопје, како и ученици од ООУ „Илинден“ од Крива Паланка, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска го посетија Кабинетот на претседателот. [gallery...