#ОтворенКабинет

Дополнително ќе бидете известени за терминот на посета.

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија и Вила Водно се отворени за сите граѓани.

Секој што има желба и интерес, ќе има можност одблизу да ги види Кабинетот, работните простории на Вилата, на вработените во Кабинетот на Претседателот, салите каде што се организираат свечености, настани, прес – конференции, средби, седници на Советот за безбедност, предавање на акредитиви од странски амбасадори и останати официјални активности на претседателот на државата.

Посетителите ќе имаат можност да се информираат за историјатот на објектот во којшто е сместен Кабинетот на Претседателот и да присуствуваат на настани од јавен карактер.

Досегашните посетители на Вила Водно се граѓани од различни возрасти и занимања, студенти од земјава и странство, како и ученици од основни и средни училишта од земјава.

За посета на објектот Вила Водно секој граѓанин може да се пријави на формуларот во прилог.

* Почитувани, лицата коишто се пријавуваат за учество во проектот „Отворен Кабинет“, подлежат на редовни безбедносни проверки, врз основа на коишто ќе бидат разгледувани нивните барања. Редовните безбедносни проверки се стандардна практика за сите посетители во Вила Водно, со цел да се овозможи безбеден и комфорен престој и непречено одвивање на активностите.

Пријавa

8 + 7 =

Досегашни посети:

Посета на ученици од ООУ „Ѓорги Сугарев” – Битола во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „Ѓорги Сугарев” – Битола во рамки на Отворен Кабинет

Во пресрет на 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост денеска се реализираше активноста Отворен Кабинет, во рамки на која Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија го посетија ученици со атипичен развој од ООУ „Ѓорги Сугарев" - Битола....

Посета на дечиња од градинката „Мајски цвет“ во рамки на Отворен Кабинет

Посета на дечиња од градинката „Мајски цвет“ во рамки на Отворен Кабинет

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска го посетија дечиња од градинката „Мајски цвет“ од Скопје. Посетителите имаа можност да се сретнат со претседателот Пендаровски и да поразговараат за неговите...

Посета на ученици од СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито“ во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито“ во рамки на Отворен Кабинет

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од скопската гимназија „Јосип Броз-Тито“. Посетителите имаа можност да се сретнат и да разговараат со претседателот Пендаровски за неговата работа и надлежностите, за...

Посета на ученици од три основни училишта во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од три основни училишта во рамки на Отворен Кабинет

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска го посетија ученици од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, ООУ „Гоце Делчев“ и од ООУ „Браќа Миладиновци“  од Скопје. [gallery...

Посета на студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во рамки на Отворен кабинет

Посета на студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во рамки на Отворен кабинет

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија студенти и професори од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. [gallery...

Ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово и ученици од „Get ready for the future“ во посета на Кабинетот на претседателот во рамки на Отворен кабинет

Ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово и ученици од „Get ready for the future“ во посета на Кабинетот на претседателот во рамки на Отворен кабинет

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово и ученици oд Италија, Португалија и Полска од ERASMUS проектот „Get ready for the future“. [gallery...

„Отворен кабинет за талентирани ученици“ во Вила Билјана во Охрид

„Отворен кабинет за талентирани ученици“ во Вила Билјана во Охрид

Единаесет талентирани ученици од основно и средно образование, од областа на информатиката меѓу кои и ученици кои освоиле прво, второ или трето место на меѓународни натпревари од оваа област со нивните ментори, викендов беа дел од активноста во Охрид „Отворен кабинет...

Посета на ученици од ООУ „Живко Брајковски“од Скопје во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „Живко Брајковски“од Скопје во рамки на Отворен Кабинет

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска го посетија ученици кои следат настава на албански јазик во ООУ „Живко Брајковски“ од Скопје. [gallery...