#ОтворенКабинет

Дополнително ќе бидете известени за терминот на посета.

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија и Вила Водно се отворени за сите граѓани.

Секој што има желба и интерес, ќе има можност одблизу да ги види Кабинетот, работните простории на Вилата, на вработените во Кабинетот на Претседателот, салите каде што се организираат свечености, настани, прес – конференции, средби, седници на Советот за безбедност, предавање на акредитиви од странски амбасадори и останати официјални активности на претседателот на државата.

Посетителите ќе имаат можност да се информираат за историјатот на објектот во којшто е сместен Кабинетот на Претседателот и да присуствуваат на настани од јавен карактер.

Досегашните посетители на Вила Водно се граѓани од различни возрасти и занимања, студенти од земјава и странство, како и ученици од основни и средни училишта од земјава.

За посета на објектот Вила Водно секој граѓанин може да се пријави на формуларот во прилог.

* Почитувани, лицата коишто се пријавуваат за учество во проектот „Отворен Кабинет“, подлежат на редовни безбедносни проверки, врз основа на коишто ќе бидат разгледувани нивните барања. Редовните безбедносни проверки се стандардна практика за сите посетители во Вила Водно, со цел да се овозможи безбеден и комфорен престој и непречено одвивање на активностите.

Пријавa

6 + 9 =

Досегашни посети:

Посета на студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во рамки на Отворен кабинет

Посета на студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во рамки на Отворен кабинет

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија студенти и професори од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. [gallery...

Ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово и ученици од „Get ready for the future“ во посета на Кабинетот на претседателот во рамки на Отворен кабинет

Ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово и ученици од „Get ready for the future“ во посета на Кабинетот на претседателот во рамки на Отворен кабинет

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово и ученици oд Италија, Португалија и Полска од ERASMUS проектот „Get ready for the future“. [gallery...

„Отворен кабинет за талентирани ученици“ во Вила Билјана во Охрид

„Отворен кабинет за талентирани ученици“ во Вила Билјана во Охрид

Единаесет талентирани ученици од основно и средно образование, од областа на информатиката меѓу кои и ученици кои освоиле прво, второ или трето место на меѓународни натпревари од оваа област со нивните ментори, викендов беа дел од активноста во Охрид „Отворен кабинет...

Посета на ученици од ООУ „Живко Брајковски“од Скопје во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „Живко Брајковски“од Скопје во рамки на Отворен Кабинет

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска го посетија ученици кои следат настава на албански јазик во ООУ „Живко Брајковски“ од Скопје. [gallery...

Ученици од Скопје и учесници од  фестивалот „Гроздоберче“ во посета на Кабинетот на претседателот во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од Скопје и учесници од  фестивалот „Гроздоберче“ во посета на Кабинетот на претседателот во рамки на Отворен Кабинет

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, денеска го посетија ученици од СУГС „Сарај“, СУГС „Никола Карев“, ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ од општина Аеродром, ООУ „Св. Климент Охридски“ од општина Кисела Вода и учесници од Интернационалниот фестивал на...

Посета на ученици од ООУ „Киро Глигоров“ од Скопје во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „Киро Глигоров“ од Скопје во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ „Киро Глигоров“ од Скопје денеска го посетија Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во рамки на Отворен Кабинет, активност којашто овозможува директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги додели сертификатите на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Претседателот Пендаровски ги додели сертификатите на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Вила Билјана во Охрид им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“ што се одржа под негово покровителство,  со цел надградување и размена на високотехнолошките вештини кај млади луѓе...

Посета на ученици од основните училишта „Коле Неделковски“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет

Посета на ученици од основните училишта „Коле Неделковски“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно, во рамки на активноста Отворен Кабинет,  денеска го посетија ученици од ООУ „Коле Неделковски“ и од ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“, од Скопје. [gallery...