Проф. д-р Тони Ѓоргиев, полковник
Советник за воени прашања
е-маил:
телефон:
Биографија
Проф. д-р Тони Ѓоргиев, советникот за воени прашања е редовен професор на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, со повеќе од триесетгодишно професионално искуство во областа на военото образование, одбраната, безбедноста и правото.
Раководел и командувал на повеќе позиции во Армијата, а има дадено придонес во изградбата и развојот на Полкот за специјални операции. Автор е на книгата „Меѓународно воено право“ и на триесетина публикации, учествувал во реализација на проекти на НАТО и Европската Комисија, како и во бројни образовни обуки во земјава и во странство.