Тоше Зафиров

Тоше Зафиров

Заменик генерален секретар

е-маил: [email protected]

телефон: +389 72 315 589

Биографија

Тоше Зафиров се приклучи на Кабинетот на претседателот по повеќе од една деценија искуство во граѓанскиот сектор. Работел во Прогрес институтот како проектен координатор, а подоцна и како програмски директор на многу домашни и меѓународни проекти со регионални и партнери од повеќе европски земји, под покровителство на ЕУ. Како програмски директор и истражувач работел на политичко образование за млади, интеграција и партиципација на малцинствата во граѓанското општество, процесот на помирувањето во регионот, пристојната работа, еднаквоста и солидарноста во ЕУ интеграциите, дигиталните медиуми и комуникациите.

Соработувал со националните институции, политички партии, граѓански организации, медиуми и странски фондации како Фондација Калеви Сорса од Финска, Меѓународен центар Олоф Палме од Шведска, Фридрих Еберт Фондација – канцеларија во Скопје, Фондација Макс ван дер Штул од Холандија, Фондација за Европски прогресивни студии од Брисел и Фондација Вестминстер за демократија при Лабуристичката партија на Велика Британија.

Во Кабинетот на претседателот главен фокус му се домашните политики, соработката со граѓанскиот сектор и политички тинк-тенкови, дигиталните комуникации и дигитализацијата, доброто владеење и транспарентноста, поддршка на млади и инклузија и поддршка на ранливи групи.

Зафиров дипломирал политички науки на Правниот факултет Јустинијан I при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, насока јавност, јавно мислење и масовни комуникации и е магистар по односи со јавноста при Правниот факултет Јустинијан I.

Автор е на повеќе публикации и истражувања, бил предавач на многубројни обуки од областа на дигитални комуникации, политички кампањи, политички маркетинг, застапување и лобирање како и креирање на јавни политки. Учествувал на обуки за јавни политики, добро владеење, отчетност и транспарентност на познати школи како Алпбах Форум, Академија за млади професионалци од Западен Балкан, организирана од Шведски Институт и Универзитет Малме и Летен универзитет за демократија, организиран од Советот на Европа во Стразбур.

Член е на алумни организациите на Шведски Институт, Алпбах Форум како и Школата за јавни политики Мајка Тереза при Школите за демократија на Советот на Европа.

Од септември 2018 година е секретар на Друштвото за македонско-шведско пријателство во Скопје.