Loading Events

Past Events

Events Search and Views Navigation

Event Views Navigation

јуни 2019

Официјална посета на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на Сојузна Република Германија

јуни 24 - јуни 25

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 24 и 25 јуни 2019 година ќе престојува во официјална посета на Сојузна Република Германија. Претседателот Пендаровски ќе оствари одвоени билатерални средби со претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмајер и со министерот за надворешни работи Хајко Маас. За време на официјалната посета претседателот Пендаровски ќе биде почесен гостин на вечера организирана од страна на Аспен институтот во Берлин.

Find out more »

јули 2019

Учество на претседателот Пендаровски на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Сараево

јули 8 - јули 9
Sarajevo, Bosnia and Herzegovina

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 8 и 9 јули 2019 година ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите - учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што ќе се одржи во Сараево, Босна и Херцеговина. Предвидено е претседателот Пендаровски да се обрати на пленарната сесија на самитот. Во рамки на учеството на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, претседателот Пендаровски ќе оствари повеќе билатерални средби со учесниците на…

Find out more »

Претседателот Пендаровски ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Финска и на САД

јули 12

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, утре – 12 јули 2019 година, петок, ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Финска и на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија. - 10:00 часот - предавање на акредитивните писма од страна на Кимо Лахдевирта, новоименуван амбасадор на Република Финска во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. - 11:00 часот - предавање на акредитивните писма од страна на Кејт Мери Брнс, новоименувана амбасадорка на Соединетите Американски Држави…

Find out more »

Претседателот Пендаровски во официјална посета на Република Словенија

јули 15 - јули 16

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 15 и 16 јули 2019 година ќе престојува во официјална посета на Република Словенија. Претседателот Пендаровски во понеделник, 15 јули 2019 година, во Љубљана ќе биде примен со високи државни и воени почести од Претседателот на Република Словенија, Борут Пахор. Предвидено е претседателот Пендаровски и претседателот Пахор да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации. Претседателот Пендаровски во вторник, 16 јули 2019 година, ќе оствари средби со…

Find out more »

Средба на претседателот Пендаровски со вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер

јули 26 @ 18:30

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска – 26 јули 2019 година, петок, ќе го прими вршителот на должност помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави за Европа и Евроазија, Филип Рикер. Покануваме сниматели и фоторепортери во Вила Водно во 18:15 часот.

Find out more »
+ Export Events