Согласно член 48 став 4 од Законот за административни службеници(„Службен весник на Република Македонија” бр.27/14,199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18), како и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/15 и бр. 35/18), Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БР 01/2019

за унапредување на административен службеник во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија објавува Интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник на следното работно место:

  1. УПР 0101В01000 Советник за билатерални односи, Одделение за билатерални односи и соработка, Сектор за надворешна политика – 1 (еден) извршител

Посебни услови:

  • ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;

правни науки или политички науки

  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и работно искуство, и тоа:
  • најмалку три години работно искуство во струката
  • познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40 часа,
  • работно време од понеделник до петок
  • влез 07:30-08.30, излез 15:30-16:30 часот
  • Паричен износ за основна нето плата 26.253,00денари

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните услови

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна на вршење професија, дејност или должност

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Кабинетот на претседателот на Република Македонија, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следниве услови:

  • да е оценет со оценка „А“ или „Б“ при последното оценување,
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • да поминал најмалку две години на тековното работно место и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Заинтересираниот административен службеник, поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија до Одделението за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси, осносно на следната електронска пошта: n.simonovska@president.mk

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:

  • потврди за успешно реализирани обуки
  • потврди за успешно реализирано менторство

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на веб страната на Претседателот на Република Северна Македонија и веб страната на Агенција за администрација.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

Преземи документи:

Интерен оглас 01-19
Пријава