Лице в лице со Претседателот

„Лице в лице со Претседателот“ е програма преку која им се овозможува на жителите од различни населени места во Северна Македонија да се сретнат со претседателот, со што претседателот Пендаровски одблизу ќе може да ги слушне проблемите, идеите за надминување на проблемите, како и предизвиците со кои се соочуваат.

Воден од заложбата да биде претседател на сите, тој остварува директни средби со граѓаните коишто на различен начин придонесуваат во нашето општество, односно учители, пожарникари, новинари, граѓански организации, успешни поединци и бизнисмени, хумани лица.

 За проектот „Лице в Лице“ претседателот Пендаровски вели: „Најприродно е, најлогично е, во секоја демократија тоа е така – избраните политички претставници на граѓаните и граѓаните на дневна основа да соработуваат, да се слушаат и да работат за заедничко добро. Главната цел на нас политичарите е да го направиме полесен животот на граѓаните. Затоа мислам дека е добро што ние одиме кај нив и разговараме отворено, а не чекаме тие да ни пишат писмо“.

Изминати посети:

Претседателот Пендаровски во посета на општините Тетово и Теарце во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“

Претседателот Пендаровски во посета на општините Тетово и Теарце во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“, денеска ги посети општините Тетово и Теарце.  Во Тетово, претседателот Пендаровски, придружуван од градоначалничката на општина Тетово, Теута...

Претседателот Пендаровски во посета на општина Тетово и општина Теарце

Претседателот Пендаровски во посета на општина Тетово и општина Теарце

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“, денеска е во посета на општина Тетово и општина Теарце. Во Теарце, претседателот Пендаровски го посети основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“, кадешто...

Претседателот Пендаровски во посета на Кочани во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“

Претседателот Пендаровски во посета на Кочани во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“, денеска ја посети општина Кочани. Претседателот Пендаровски го посети Киро Стојов, кој донираше дел од својот црн дроб на личност со која не е во...

Претседателот Пендаровски на почетокот на проектот „Лице в лице со Претседателот“ во посета на општина Велес

Претседателот Пендаровски на почетокот на проектот „Лице в лице со Претседателот“ во посета на општина Велес

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“, денеска ја посети општина Велес. Претседателот Пендаровски на почетокот на посетата, заедно со градоначалникот Аце Коцевски, засади садници на...

Претседателот Пендаровски во посета на општина Велес

Претседателот Пендаровски во посета на општина Велес

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“, денеска ја посети општина Велес. Воден од заложбата да биде претседател на сите, ќе остварува директни средби со граѓаните коишто на различен начин...