Официјална посета на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на Сојузна Република Германија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 24 и 25 јуни 2019 година ќе престојува во официјална посета на Сојузна Република Германија. Претседателот Пендаровски ќе оствари одвоени билатерални средби со претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмајер и со министерот за надворешни работи Хајко Маас. За време на официјалната посета претседателот Пендаровски ќе биде […]

Учество на претседателот Пендаровски на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Сараево

Sarajevo, Bosnia and Herzegovina

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 8 и 9 јули 2019 година ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите - учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што ќе се одржи во Сараево, Босна и Херцеговина. Предвидено е претседателот Пендаровски да се обрати на пленарната сесија […]

Претседателот Пендаровски ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Финска и на САД

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, утре – 12 јули 2019 година, петок, ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Финска и на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија. - 10:00 часот - предавање на акредитивните писма од страна на Кимо Лахдевирта, новоименуван амбасадор на Република Финска во Република Северна […]

Претседателот Пендаровски во официјална посета на Република Словенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 15 и 16 јули 2019 година ќе престојува во официјална посета на Република Словенија. Претседателот Пендаровски во понеделник, 15 јули 2019 година, во Љубљана ќе биде примен со високи државни и воени почести од Претседателот на Република Словенија, Борут Пахор. Предвидено е претседателот Пендаровски и претседателот Пахор […]

Средба на претседателот Пендаровски со вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска – 26 јули 2019 година, петок, ќе го прими вршителот на должност помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави за Европа и Евроазија, Филип Рикер. Покануваме сниматели и фоторепортери во Вила Водно во 18:15 часот.