Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Перу

20 ноември 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Перу, со седиште во Букурешт, Феликс Рикардо Денегри Боса.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова изрази уверување дека идниот развој на односите и соработката меѓу двете земји ќе претставуваат позитивен пример и предизвик за нивно постојано надградување со нови содржини во конкретни области.

Посочувајќи дека светот денес се соочува со бројни предизвици, претседателката порача дека меѓусебната соработка е од суштинско значење не само за просперитетот на двете земји, туку и за градење на посилна меѓународна заедница.

„Нашите држави и покрај географската оддалеченост, споделуваат значајни вредности и стремежи за мир, стабилност и развој, поврзани преку заемната посветеност на демократските принципи и правата на човекот, како и преку интересот за зајакнување на културните, економските и образовните врски“, истакна во поздравното обраќање претседателката Сиљановска Давкова.

Во своето обраќање амбасадорот на Перу, истакна дека двете држави споделуваат заедничките демократски  вредности, промовирање на мирот, економскиот напредок и човековите права, со што придонесуваат не само за јакнење на сопствените држави туку и за глобалната стабилност.

Перуанскиот амбасадор ја истакна мултилатералната соработка и се заблагодари за македонската поддршка на кандидатурите на Перу во меѓународните организации.

Посочувајќи го безвизниот режим меѓу двете земји, тој изрази очекување за развој на туризмот во иднина. Амбасадорот ја потенцираше и улогата на малубројната перуанска заедница во земјава во јакнење на меѓусебните врски и зближување на народите.

На свечената церемонија, претседателката му посака на амбасадорот успешно вршење на мисијата и изрази уверување дека со неговото дипломатско искуство ќе придонесе во продлабочување на меѓусебното пријателство.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г....

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими членови на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“. За членовите на одборот, именувањето...

Сиљановска-Давкова на средба со ромски уметници: Потребна е видливост и рамноправност на уметниците Роми

Сиљановска-Давкова на средба со ромски уметници: Потребна е видливост и рамноправност на уметниците Роми

По повод Меѓународниот ден на Ромите, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими истакнати ромски уметници и културни дејци, активни на македонската културно-уметничка сцена и пошироко. Низ отворен и конструктивен дијалог, беа разменети мислења за македонскиот...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Честитка по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. Почитувани сограѓани Роми, Нека ви е и нека ни е честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Искрено посакувам да го...

Сиљановска-Давкова: Климатските промени се глобален, регионален и национален безбедносен предизвик – време е за превенција наместо реакција

Сиљановска-Давкова: Климатските промени се глобален, регионален и национален безбедносен предизвик – време е за превенција наместо реакција

Денеска, на иницијатива на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Кабинетот се одржа дебата на тема:„Климатски промени - ризици и предизвици“, модерирана од проф. д-р Владо Спиридонов, во својство на член на Советот за безбедност. Во воведното обраќање,...