Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во Охрид се сретна со македонскиот атлетичар Дарио Ивановски

1 јуни 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Билјана во Охрид се сретна со македонскиот атлетичар на средни и долги патеки, маратонецот Дарио Ивановски, којшто утре ќе се натпреварува на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“.

Претседателката Сиљановска Давкова упати честитки до најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски и неговиот тренер, мајорот Игор Јакимовски за пласманот на Летните oлимписки игри во Париз оваа година.

Ивановски ја запозна претседателката со текот на подготовките за настапот на олимпијадата во Париз.

Претседателката порача дека успесите на македонските спортисти претставуваат голема гордост за целата држава и неопходно е да се грижиме за нашите најуспешни репрезентативци на секое поле. Таа, истакнувајќи дека спортот и физичката култура се едни од најважните фактори за здравјето на нацијата, за внатрешна кохезија и надворешна промоција на државата, му посака на Ивановски многу успех на Олимписките игри, како и во натамошната кариера.

Ивановски е еден од најдобрите балкански атлетичари со голем број на македонски и балкански рекорди и засега е единствениот македонски спортист кој е со потврден настап на Летните олимписки игри.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими членови на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“. За членовите на одборот, именувањето...

Сиљановска-Давкова на средба со ромски уметници: Потребна е видливост и рамноправност на уметниците Роми

Сиљановска-Давкова на средба со ромски уметници: Потребна е видливост и рамноправност на уметниците Роми

По повод Меѓународниот ден на Ромите, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими истакнати ромски уметници и културни дејци, активни на македонската културно-уметничка сцена и пошироко. Низ отворен и конструктивен дијалог, беа разменети мислења за македонскиот...

Честитка по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите

Честитка по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. Почитувани сограѓани Роми, Нека ви е и нека ни е честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Искрено посакувам да го...

Сиљановска-Давкова: Климатските промени се глобален, регионален и национален безбедносен предизвик – време е за превенција наместо реакција

Сиљановска-Давкова: Климатските промени се глобален, регионален и национален безбедносен предизвик – време е за превенција наместо реакција

Денеска, на иницијатива на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Кабинетот се одржа дебата на тема:„Климатски промени - ризици и предизвици“, модерирана од проф. д-р Владо Спиридонов, во својство на член на Советот за безбедност. Во воведното обраќање,...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед по повод Велигден

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед по повод Велигден

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски и до сите верници од католичка вероисповед. Почитуван д-р Стојанов, Ми претставува особено...