Претседателката Сиљановска Давкова се обрати на дискусијата „Младите и внатрепартиската демократија“

16 септември 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на дискусијата „Младите и внатрепартиската демократија“, што се одржа во Кабинетот на Претседателот по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата.

Во дискусијата учествуваа подмладоци од политичките партии во земјава кои ги претставија своите погледи и искуства за улогата и положбата на младите во политичките партии кадешто членуваат и разменија идеи и препораки за подобрување на внатрепартиската демократија и за поттикнување на младинскиот ангажман во политиката.

Претседателката Сиљановска Давкова во обраќањето пред политичките подмладоци посочи дека демократизацијата на политичките партии е клучна за демократизацијата на политиката. Таа се осврна на процесите на внатрепартиското одлучување, на процесите на кандидирање и избор на партиските функционери, посочувајќи дека е неопходна децентрализираност на партиите, почитување на различни тенденции и мислења внатре во партиите и поавтентичен настап на локалните партиски организации.

Во таа насока, таа говореше за потребата од одговорност внатре во партијата, неопходноста од реформи, партиципативна политичка култура и промени во пристапот и комуникацијата на партиите со јавноста.

Претседателката во своето обраќање се осврна и на структурата на партиите и нивното претставување од аспект на родовата застапеност, истовремено посочувајќи дека дејствувањето на политичките партии во голема мера зависи од етичкиот капацитет на водството и на лидерот.

Претседателката ја поддржа потребата од поголема вклученост на младите во носењето на партиските одлуки, истакнувајќи дека тие треба да бидат најсубверзивниот елемент којшто ќе влијае на демократизацијата на овие процеси и на партиското одлучување.

Истакнувајќи ја важноста на внатрепартиската демократија, младите ги разгледаа можностите и начините за нивно поголемо влијание врз политичките процеси и одлуки, преку активно учество и инклузија во партиските структури.

Политичките подмладоци како генератори на идното партиско лидерство ја истакнаа важноста од едукација и сензибилизирање за демократијата и нејзините сфаќања помеѓу младите.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“. Сиљановска-Давкова се обрати на панел...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026 година, четврток, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска. На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија,...

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во...

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија, каде што ги потврди македонските заложби за климатска акција и ја нагласи потребата од праведна транзиција кон чиста енергија. [gallery...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска - 11 ноември 2026 година, среда, во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени....