Претседателката Сиљановска-Давкова ја посети болницата „Пирогов“ во Софија во којашто се лекуваат повредените од пожарот во Кочани

3 април 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, со чувство на длабока и искрена грижа, најпрво ја посети болницата „Пирогов“ во Софија каде што се згрижени и се лекуваат македонските граѓани повредени во трагичниот пожар во Кочани.

За време на посетата, претседателката оствари средба со министерот за здравство, проф. д-р Силви Кирилов, заменик-директорот на болницата, проф. д-р Николај Габровски и раководителката на Одделот за изгореници и пластична хирургија, доц. д-р Маја Аргирова.

Во разговорот со нив, таа беше информирана дека здравствената состојба на осумтемина македонски пациенти е стабилна, се наоѓаат под постојан надзор од страна на врвни, искусни лекари и дека процесот на закрепнување бележи напредок.

Во присуство на лекар Македонец, на претседателката и беше овозможен подолг разговор со најблиските роднини на македонските пациенти. Тие најпофално се изразија за болничкиот персонал и манифестираа радост за видно подобрената состојба на нивните најмили.

Претседателката изрази срдечна благодарност за бугарската навремена, стручна и несебична помош. Таа нагласи дека токму во мигови на голема болка и национална тага се препознаваат вистинските пријатели, потенцирајќи дека бугарската хуманост и солидарност ќе останат врежани во колективната меморија на македонскиот народ.

При посетата, таа се сретна со дел од бугарските медицински тимови коишто директно учествуваа во укажувањето на итна медицинска помош, изразувајќи им особена благодарност за нивната пожртвуваност, човечност и професионалност.

Упатувајќи благодарност и до Министерството за здравство на Република Бугарија за координираната и стручно водена интервенција, претседателката истакна дека нивната благородна мисија е вистинско олицетворение на медицинската етика, солидарноста и хуманоста. Овие вредности, според неа, ќе останат темел на заемна почит и искрено пријателство меѓу двата блиски народа, бугарскиот и македонскиот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум. Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот...

Сиљановска-Давкова на проштална средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал

Сиљановска-Давкова на проштална средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на проштална средба го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал. Таа му изрази благодарност за неговиот личен ангажман, посветеност и придонес во јакнењето на капацитетите на националните...

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот наЕвропската комисија за напредокот за 2026 година. Соговорниците се согласија...

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“, посветена на регионалната соработка и европската перспектива на земјите од Западен Балкан. [gallery...

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија. Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и...