Проштална средба на Сиљановска-Давкова со српската амбасадорка Јовановиќ

18 јуни 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на проштална средба ја прими амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ, на која ѝ се заблагодари за посветеноста и нејзиниот професионален ангажман преку којшто придонесе за зацврстување на односите меѓу двете држави.

Амбасадорката Јовановиќ на средбата ја истакна отвореноста и конструктивноста на претседателката, посочувајќи дека во Скопје се чувствувала како меѓу пријатели. Таа нагласи дека политиката на Србија кон  државава ќе остане непроменета, пријателска и со поддршка кога и да биде таа потребна.

Осврнувајќи се на трагедијата во Кочани, за која амбасадорката Јовановиќ рече дека и Србија ја доживеала подеднакво тажно како и граѓаните во државава, Сиљановска – Давкова се заблагодари за српската солидарност и укажаната помош при лекувањето на повредените во катастрофалниот пожар.

Посакувајќи и натамошен успех на професионален и на личен план, претседателката изрази верба дека амбасадорката Јовановиќ заминува од земјава со убави впечатоци и добрососедските односи ќе продолжат да се развиваат, како и започнатите иницијативи.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство....