Проштална средба на претседателката Сиљановска-Давкова со амбасадорот на Индонезија, Иван Богананта

17 февруари 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими во проштална средба амбасадорот на Република Индонезија, Н.Е. г. Иван Богананта, заблагодарувајќи се за неговиот придонес во одржувањето на стабилни и пријателски односи меѓу двете земји.

На средбата, соговорниците изразија задоволство од позитивниот развој на билатералната соработка, посочувајќи дека важен предуслов за нејзино натамошно продлабочување e интензивирањето на политичкиот дијалог преку размена на посети на највисоко ниво.

Имајќи предвид дека Индонезија е една од најголемите економии во Југоисточна Азија, претседателката ја поздрави иницијативата за преговори за Договор за слободна трговија меѓу двете земји, како чекор кон зголемување на трговската размена. Истакнувајќи ги предностите на нашата држава низ призма на стратешката локација и пристапот до европскиот пазар, таа го потврди интересот за јакнење на економското партнерство и отвореност за индонезиските инвестиции.

Дополнително, претседателката ги акцентираше културата, науката, образованието и туризмот како области за соработка, за чие остварување е неопходно да се унапреди правната рамка и да се олесни визниот режим за граѓаните.

Посочувајќи ја конструктивната улога на Индонезија на глобалната сцена, претседателката Сиљановска-Давкова изрази надеж за продолжување на успешната соработка на мултилатерален план, во Обединетите Нации.  Потенцирајќи дека мултилатерализмот им овозможува на малите и средни земји учество во процесот на одлучување за најважните глобални предизвици, таа го реафирмираше ставот за потребата од длабоки реформи на ОН и јакнење на улогата на Генералното собрание.

На средбата беа разменети мислења и за најважниот македонски надворешнополитички приоритет – членството во Европската Унија, како и за актуелните европски и меѓународни процеси и односи.

Амбасадорот Богананта изрази благодарност за поддршката од македонските институции во текот на неговиот мандат и ја потврди подготвеноста на Индонезија за проширување и продлабочување на меѓусебните односи, со акцент на економијата.

Оддавајќи му признание за првото дипломатско искуство, претседателката изрази подготвеност за продолжување на соработката со неговиот наследник.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“. Сиљановска-Давкова се обрати на панел...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026 година, четврток, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска. На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија,...

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во...

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија, каде што ги потврди македонските заложби за климатска акција и ја нагласи потребата од праведна транзиција кон чиста енергија. [gallery...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска - 11 ноември 2026 година, среда, во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени....