Стратегија за одбрана на Република Северна Македонија
Стратегијата за одбрана на Република Северна Македонија дава насоки за функционирањето и развојот на системот за одбрана и произлегува од Уставот на Република Северна Македонија, трајните определби од Националната концепција за безбедност и одбрана, Законот за одбрана и стратегиската определба на Република Северна Македонија за интеграција во евроатлантските структури.
Во Стратегијата се идентификуваат клучните карактеристики на современото безбедносно опкружување и нашата одбранбена политика, се издава насоки за адаптација на субјектите од системот за одбрана, неопходните ресурси и одбранбените способности потребни за нејзино остварување.
Усогласена со обврските и одговорностите коишто ќе произлезат од членството на Република Северна Македонија во колективните системи за безбедност, Стратегијата дава насоки за:
- зголемување на отпорноста на системот во справувањето со ризиците и заканите;
- унапредување на постојните и развивање нови способности неопходни за ефективно и ефикасно функционирање на системот;
- обезбедување поголема транспарентност кај сите субјекти и одговорност во заштитата на одбранбените интереси и во остварувањето на одбранбените цели;
- синхронизирање и унапредување на одбранбеното планирање во согласност со стандардите на НАТО и на ЕУ;
- поголема ефективност и рационална искористеност на човечките, материјалните, и на финансиските ресурси;
- зголемување на свесноста и довербата кај населението за важноста на системот за одбрана во развојот на демократското општество.
Стратегијата е основа за понатамошен развој на системот за одбрана и унапредување на процесот за долгорочно одбранбено планирање.
Стратегија за одбрана донесена од претседателот во март 2020 година. [Преземи]