Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Аргентинската Република

28 февруари 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на Алехандро Зотнер Мејер, новоименуваниот амбасадор на Аргентинската Република, со седиште во Софија.

Претседателката му посака добредојде на амбасадорот и истакна дека 25-годишнината од воспоставувањето на македонско-аргентинските дипломатски односи е добра прилика за нивна оценка како пријателски, особено преку градењето партнерство во меѓународните организации, односно Обединетите нации.

Таа потенцираше дека членството во ЕУ беше и останува врвен македонски приоритет. Исто така, според неа треба да се засилат процесите на евроинтеграција на Западен Балкан, заради потребата од проширување во функција на европска стабилност во услови на бурни геополитички промени во светот.

Амбасадорот Зотнер Мејер ја запозна претседателката со заложбата на Аргентина да биде глобален партнер на Алијансата.

Обајцата сметаат дека и покрај големата географска оддалеченост време е за проширување, продлабочување и унапредување на економската соработка меѓу двете држави, особено преку создавање на поволни услови за инвестиции.

Според соговорниците, науката, образованието, културата и туризмот се вистински предизвик за меѓусебна соработка.

Претседателката укажа на реалната можност малубројната македонска дијаспора во Аргентина да одигра важна улога на цврст мост меѓу двете држави.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и амбасадорот Алехандро Зотнер Мејер изразија очекување за зајакнување на пријателските односи и за прогрес на севкупната соработка.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г....

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими членови на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“. За членовите на одборот, именувањето...

Сиљановска-Давкова на средба со ромски уметници: Потребна е видливост и рамноправност на уметниците Роми

Сиљановска-Давкова на средба со ромски уметници: Потребна е видливост и рамноправност на уметниците Роми

По повод Меѓународниот ден на Ромите, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими истакнати ромски уметници и културни дејци, активни на македонската културно-уметничка сцена и пошироко. Низ отворен и конструктивен дијалог, беа разменети мислења за македонскиот...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Честитка по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. Почитувани сограѓани Роми, Нека ви е и нека ни е честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Искрено посакувам да го...

Сиљановска-Давкова: Климатските промени се глобален, регионален и национален безбедносен предизвик – време е за превенција наместо реакција

Сиљановска-Давкова: Климатските промени се глобален, регионален и национален безбедносен предизвик – време е за превенција наместо реакција

Денеска, на иницијатива на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Кабинетот се одржа дебата на тема:„Климатски промени - ризици и предизвици“, модерирана од проф. д-р Владо Спиридонов, во својство на член на Советот за безбедност. Во воведното обраќање,...