Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Гана, Дорис Аџо Дењо Бресe

18 октомври 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на Дорис Аџо Дењо Бресe, новоименуваната амбасадорка на Република Гана, со седиште во Прага.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека нашата држава придава значење на развојот на односите со земјите од Африка, особено со Гана која беше првата земја јужно од Сахара што се стекна со независност во процесот на деколонизацијата.

„Имајќи ја предвид посветеноста на Гана кон натамошниот развој на својата економија и демократија, убедена сум дека постои простор за проширување на нашата соработка на економски, културен и на меѓународен план. За тоа е потребно натамошно зајакнување на правната рамка и се надевам дека сите договори кои се веќе усогласени ќе се потпишат во најскоро време“, истакна претседателката Сиљановска Давкова.

Изразувајќи задоволство од соработката на полето на образованието и науката и искажаниот интерес на студенти од Гана за студирање на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, Претседателката изрази надеж дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина, со можност и дополнително да биде продлабочена.

Амбасадорката Бресе во своето обраќање истакна дека Гана го цени долгогодишното и срдечно пријателство што постои меѓу двете земји од воспоставувањето на дипломатските односи, основани на заедничката посветеност на истите вредности: демократија, човекови права, владеење на правото, безбедност и просперитет.

Таа истакна дека Гана придава големо значење на заедничките иницијативи за продлабочување на соработката во клучните сектори на нивната економија, особено технологијата, здравството, земјоделството, обновливите извори на енергија, производството, туризмот и образованието. Во овој контекст, амбасадорката Бресе нагласи дека ги охрабрува инвеститорите од нашата земја да ја искористат привлечната и погодна инвестициска клима во Гана.

Претседателката Сиљановска Давкова на амбасадорката Дорис Аџо Дењо Бресe ѝ посака успех во извршувањето на одговорната функција.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство....

Средба со претставници на ИНОВА

Средба со претставници на ИНОВА

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Даниела Димовска, директорка на новоформираната Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Таа ја запозна со стратешките приоритети, проекти...

Средба на Сиљановска-Давкова со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот

Средба на Сиљановска-Давкова со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот, чија активна работа од 2004 година резултираше со впишување на...