Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Филипини

7 јули 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор во земјава Џовани Енденсија Палек од Република Филипини, со седиште во Атина.

Сиљановска-Давкова ја истакна важноста на односите и соработката со Филипините како на билатерален, така и на мултилатерален план. Двете држави треба да се фокусираат на интензивирањето на политичкиот дијалог, искористувањето на потенцијалите во економијата и трговијата, развивањето на културните врски и стимулирањето на научно-образовната размена и туризмот.

Нагласувајќи дека живееме во време на предизвици и реални закани за глобалниот мир и за безбедноста, како и тенденција проблемите да се решаваат со употреба на сила, претседателката ја потенцираше неопходноста од активна соработка во рамките на Обединетите нации и другите релевантни меѓународни организации и форуми, во духот на мултилатерализмот.

Оценувајќи ја денешната церемонија како историска, вонредниот и ополномоштен амбасадор Палек акцентираше дека средбата е посебен момент не само за него, туку и за двете земји, бидејќи се преземаат конкретни чекори за воспоставување на поблиски релации.

Тој потенцираше дека иако формалните дипломатски односи се во рана фаза, тие се засновани на заеднички вредности и принципи, почитување на човековите права, владеење на правото и мирно решавање на споровите.

По воспоставувањето на дипломатските односи во 2021 година, амбасадорот Палек е првиот филипински носител на оваа одговорна функција во земјава, со што, заклучи Сиљановска-Давкова, тој станува дел од историјата на македонско-филипинските односи.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство....