Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

19 март 2026 | Соопштенија

Во пресрет на 21 март – Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје.

Таа го поздрави холистичкиот пристап во работата на здружението во функција на континуирано унапредување на животот на децата, младите и возрасните лица со Даунов синдром.

Во поддршката на родителите и згрижувачките семејства, за неа е важно институциите да им овозможат на лицата со Даунов синдром, адекватено развивање на животните вештини и способности и активно учество во сите сегменти на општествениот живот, како рамноправни граѓани.

Сиљановска-Давкова укажа на потребата од подигнувањето на јавната свест, како и отворање повеќе дневни центри. „Нема полековита доза среќа од разбирањето, прифаќањето и љубовта кон овие лица“ – посочи таа.

Претседателката на здружението, Сузана Стојановска информираше дека нивниот центар е отворен не само за деца со Даунов синдром, туку и за деца со друга попреченост како оштетен говор, слух и вид.

За неа, сè уште присутната дискриминација кон нив е голем општествен проблем и предизвик. Недостигот на стручен кадар, како психолози, малиот број волонтери, недоволната грижа за просторот во којшто е сместен центарот и крајно лимитираните можности за вработување на полнолетните лица со Даунов синдром, се сериозни орашања коишто бараат одговор и акција од надлежните институции, смета таа.

Особена убавина на настанот му даде детскиот музички настап на знаковен јазик, со помош на Соња Кимова, нивен знаковен предавач. Дека талентот не познава бариери, стана јасно по музичката точка на хармоника, изведена од Денис Димитров, во придружба на младите гости од Дневниот центар „Доза Среќа“Скопје.

Во знак на благодарност, претседателката од нив доби рачно изработен подарок.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија. Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и...

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Европскиот парламент во Брисел, оствари средба со европратениците Дан Барна (Renew, Романија), Тајс Ројтен (СД, Холандија), Матеј Тонин (ЕПП, Словенија) и Карло Реслер (ЕПП, Хрватска). ...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и...

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како Врховна командантка на вооружените сили, придружена од македонскиот амбасадор во НАТО, Муртезани, и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски, во седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа,...

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST). Предмет на...