Претседателката Сиљановска Давкова прими делегација на Македонската алијанса за европска интеграција

5 февруари 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова прими делегација на Македонската алијанса за европска интеграција од Република Албанија, предводена од нејзиниот претседател, Васил Стерјовски.

Претставниците на единствената политичка партија на Македонците во Албанија со сериозна загриженост укажаа на состојбата на македонското малцинство, истакнувајќи дека се соочуваат со пропаганда и обиди за асимилација коишто го загрозуваат нивниот национален и културен идентитет.

Тие изразија незадоволство од односот на албанските институции кон нив, како на државно, така и на локално ниво, нагласувајќи дека недоволната заштита и поддршка ја ставаат оваа заедница во неизвесна положба изложена на перманентни притисоци.

Побараа поголемо учество на македонските власти, како и нивна помош во надминувањето на енормните проблеми со коишто се соочуваат. Отворено изразија став за отсуство на државна стратегија за заштита на положбата на Македонците во Албанија.

Во разговорот, тие ја информираа претседателката за досегашните партиски иницијатви, како и за планираните активности, во правец на зајакнување на нивната национална и културна самобитност.

Претседателката Сиљановска-Давкова најпрво изрази разбирање за влошената положба на македонското малцинство во Албанија.

Таа ја реафирмираше потребата од стратешки пристап во решавањето на статусот и заштитата на правата на македонското малцинство во Албанија, согласно европските и меѓународните документи.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство....

Средба со претставници на ИНОВА

Средба со претставници на ИНОВА

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Даниела Димовска, директорка на новоформираната Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Таа ја запозна со стратешките приоритети, проекти...

Средба на Сиљановска-Давкова со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот

Средба на Сиљановска-Давкова со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот, чија активна работа од 2004 година резултираше со впишување на...