Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот Алијев во рамки на официјалната посета на Азербејџан

11 март 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Република Азербејџан, денеска во Баку оствари тет-а-тет средба со претседателот на државата, Илхам Алијев, а беше одржан и пленарен состанок на двете делегации.

„Република Азербејџан има важна улога на меѓународната сцена, на геополитичката сцена, вклучително и заради богатството со гас, што за државите чијашто заложба е транзицијата кон обновливите извори, како нашата, соработката со оваа држава би имала исклучителна важност“, изјави по средбата македонската претседателка која воедно изрази задоволство што е во посета на Баку.

После минатата средба овде, еве повторно има Форум на кој ќе се расправа за клучните светски проблеми, а овој момент е добар бидејќи годинава славиме 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи – вистински момент за таква средба, рече таа, изразувајќи очекување двете држави да потпишат Декларација што ќе води кон воспоставување или кон потпишување на Договор за соработка.

„Тоа нема да значи само азербејџанска помош за нас во поглед на гасот, туку ќе отвори простор и за економска соработка“, изјави таа и се заложи за укинување на визи за дипломатските и службените пасоши.

„Уште веднаш да се стави крај на онаа чудна состојба да постојат визи за дипломатски и службени пасоши. Таквата состојба верувам никому не му одговара, а укинувањето ќе доведе до зближување на нашите народи“, оцени таа.

Нагласувајќи го нејзиното длабоко верување во силата на културната дипломатија, во својата изјава претседателката Сиљановска-Давкова укажа на подготвеноста од натамошно продлабочување на соработката со Азербејџан, во областа на науката, на туризмот, во економската сфера.

Според неа денешната официјална посета ќе биде дополнителен поттик за натамошно јакнење на меѓусебните односи, размена на искуства и воспоставување многу поцврста соработка, пред се мислејќи на Договорот за стратешка соработка.

Утрово, на церемонија со највисоки државни и воени почести, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беше примена од претседателот Илхам Алијев, со што започна нејзината официјална посета на Република Азербејџан.

По средбата со претседателот Алијев, претседателката положи венец пред Споменикот на победата во Паркот на победата, додека во Алејата на славните во Баку оддаде почит на гробот на третиот претседател на Република Азербејџан, Хејдар Алијев и на неговата сопруга Зарифа Алијева.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство....