Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечената божествена литургија во Соборниот храм во Скопје

7 јануари 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод одбележувањето на Христовото раѓање – Божиќ, присуствуваше на Архиерејската Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, со којашто чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан.

Сиљановска-Давкова по завршувањето на божествената литургија, во разговорот со присутните верници го упати радосниот поздрав „Христос се роди, навистина се роди!“, споделувајќи празнични желби за мир, среќа и благосостојба во секој дом.

Таа ја истакна обединувачката моќ на Божиќ во будењето на божественото и човечкото во секој од нас: добрината, светлината и надежта, посведочени и денеска.

Според неа, секој од присутните во текот на оваа година ќе се потсетува на зборовите на архиепископот г. г. Стефан дека треба да веруваме во доброто, а да се бориме против злото, дури и кога тоа ни изгледа невозможно во моментот, со мисла дека Богочовекот, Исус Христос, е постојано со нас за да ни го покаже вистинскиот пат.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје. [gallery...

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Ве известуваме дека на 31 март 2026 година, вторник, во официјална посета на земјава ќе престојува претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Заинтересираните медиуми за следење на официјалната посета, потребно е да се акредитираат најдоцна до 30 март 2026 година,...

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја заврши официјалната посета на Република Хрватска со предавање на Правниот факултет во Загреб, посветено на парадоксите на македонските евроинтеграции. Во обраќањето таа го оцени нашиот...

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи...