Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Швајцарија, Кристоф Зомер

6 ноември 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација, Кристоф Зомер.

Соговорниците ја оценија тридецениската соработка како пријателска и плодна, изразувајќи решеност и подготвеност за нејзино проширување и продлабочување.

Претседателката му се заблагодари на швајцарскиот амбасадор за континуираната поддршка на македонската евроинтеграција. Исто така, таа и оддаде признание на Швајцарија за бројните и вредни донации во областа на заштитата на младите и жените, животната средина, како и во зајакнувањето на инклузивноста и одговорноста.

За швајцарскиот амбасадор, стоилјадната македонска дијаспора е вреден и почитуван актер во швајцарското општество.

Мултилатералната соработка, особено врзана за кандидирањето на престижни позиции двајцата ја сметаат за корисна, конструктивна и успешна.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова го врачи признанието „Македонски квалитет“ за 2025 година

Сиљановска-Давкова го врачи признанието „Македонски квалитет“ за 2025 година

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, заедно со претседателот на Сојузот на стопански комори, Горан Ѓорѓиевски, им врачи признание „Македонски квалитет“ за 2025 година, на единаесет домашни компании за нивниот придонес во развојот на...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Алжир, Абделмаџид Наaмун

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Алжир, Абделмаџид Наaмун

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Народна Демократска Република Алжир, со седиште во Букурешт, Абделмаџид Наaмун. Неговото именување, како што рече претседателката, е уште една потврда за...

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници од групата на АЛДЕ

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници од групата на АЛДЕ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) од Европскиот Парламент, учесници на меѓународната конференција „Quo vadis Europa 2025?", што се одржа во Скопје. [gallery...

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Сиљановска-Давкова

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Сиљановска-Давкова

Во претседателскиот Кабинет, денеска, 270 деца од скопските основни училишта „Вера Јоциќ“, „Лазо Ангеловски“ и „Димитар Македонски“, како и од градинките  „Буба Мара“ и „ЛИЛИПУТ ДВОРЧЕ“, присуствуваа на церемонијата на свечено менување на државното знаме. [gallery...

Сиљановска – Давкова: „Вељо Манчевски“ е вреднување на посебниот духовен, образовен и хуман придонес

Сиљановска – Давкова: „Вељо Манчевски“ е вреднување на посебниот духовен, образовен и хуман придонес

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на церемонијата на доделувањето на признанието „Вељо Манчевски“, именувано по првиот верски референт во 1943 година. Во својство на покровителка, таа им честиташе на добитниците, оценувајќи дека нивниот труд,...