Претседателката Сиљановска Давкова го прими директорот на Центарот за управување со кризи, Ангелов

3 септември 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

На средбата беше разговарано за неопходноста од реформи во системот за управување со кризи, потребата од измени на Законот за управување со кризи, како и за владината одлука за спојување на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

Директорот на Центарот за управување со кризи Ангелов, ја запозна претседателката со системските проблеми и недостатоци со кои се соочуваат, неефикасноста и преклопувањето на нивните надлежности со функциите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Претседателката Сиљановска Давкова посочи дека пожарите што ја зафатија земјава ги потврдија критичните недостатоци во системот за управување со кризи, и ја истакна неодложната потреба од суштинско реорганизирање и сеопфатни реформи, што е од клучна важност за ефикасно справување и соодветна реакција во кризни состојби.

На средбата беше потенцирана и важноста од натамошна координација и соработка помеѓу Претседателката, Владата, Армијата и сите релевантни домашни и меѓународни институции со цел навремено и соодветно делување во услови на кризна состојба.

Директорот Ангелов на средбата информираше и за тековните состојби со пожарите, како и за мерките и активностите кои се преземаат за нивно ставање под контрола и гаснење.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Утре, 24 март 2026 година, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...