Средба на Сиљановска-Давкова со Јакоб Гранит, генерален директор на СИДА

6 мај 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими Јакоб Гранит, генерален директор на Шведската меѓународна развојна агенција – СИДА, кој беше придружуван од амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Џаин.

Изразувајќи благодарност за досега имплементираните проекти на СИДА во земјава, претседателката рече дека Агенцијата одиграла клучна улога во зајакнувањето на невладиниот сектор и македонската демократија преку финансиска помош во висина од 10 милиони евра за 2024 година, од коишто половината биле наменети за невладиниот сектор, 30 отсто за мултилатерални организации, а 18% за јавниот сектор, односно за проекти во областа на човековите права, демократијата, родовата еднаквост и климатските промени.

Генералниот директор на СИДА, кој е во неколкудневна посета на земјава, го истакна долгогодишното партнерство со македонската Влада и бројни државни институции и изрази подготвеност за продолжување и продлабочување на воспоставената соработка. Тој изрази интерес за инвестиции во развојот  на инфраструктурата и транспортот, пред сé, во железничкиот сообраќај, како и во заштитата на животната средина и најави можност за соработка во текстилната индустрија.

Соговорниците разговараа и за македонскиот евро-интегративен процес, имајќи предвид дека Шведска е држава која како членка на ЕУ  има високо почитуван глас и  може да понуди вредни сознанија и експертиза во различни области.

Покрај политичката поддршка, оцени Сиљановска-Давкова, Шведска и практично придонесува за унапредување на нашата реформска агенда за влез во ЕУ, а наша цел е ова партнерство да продолжи и во иднина.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“. Сиљановска-Давкова се обрати на панел...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026 година, четврток, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска. На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија,...

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во...

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија, каде што ги потврди македонските заложби за климатска акција и ја нагласи потребата од праведна транзиција кон чиста енергија. [gallery...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска - 11 ноември 2026 година, среда, во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени....