Претседателката Сиљановска Давкова го прими литванскиот диригент и виолинист Џулијан Рахлин кој ќе настапи на отворањето на „Охридско лето“

12 јули 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Вила Билјана во Охрид, го прими раководството на македонската меѓународна музичко-сценска манифестација „Охридско Лето“ и литванскиот диригент и виолинист Џулијан Рахлин кој ќе настапи на вечерашното свечено отворање на 64. издание.

Посакувајќи му добредојде и успешен настап на реномираниот уметник од Литванија, претседателката Сиљановска Давкова беше запознаена со импозантната и долгогодишна меѓународна музичка кариера на Рахлин и изрази задоволство што врвен и баран уметник на сите светски меридијани ќе настапи заедно со оркестарот на македонската филхармонија на свеченото отворање на оваа наша значајна музичка манифестација.

Претседателката изрази очекување дека со својот перформанс уметниците ќе остават посебен белег и силен впечаток на годинашното издание на „Охридско лето“. Таа изрази уверување дека богатиот уметнички репертоар на претстојните фестивалските вечери ќе ги задоволи музичките апетити на домашната и на меѓународната публика.

На средбата, на која што присуствуваа министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, како и директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ и селекторките Бисера Чадловска и Сања Арсовска, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека „Охридско лето“ како еден од најпрепознатливите и најквалитетни културни настани во поширокиот регион, има сериозен влог во македонската култура и меѓународната афирмација на земјава.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје. [gallery...

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Ве известуваме дека на 31 март 2026 година, вторник, во официјална посета на земјава ќе престојува претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Заинтересираните медиуми за следење на официјалната посета, потребно е да се акредитираат најдоцна до 30 март 2026 година,...

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја заврши официјалната посета на Република Хрватска со предавање на Правниот факултет во Загреб, посветено на парадоксите на македонските евроинтеграции. Во обраќањето таа го оцени нашиот...

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи...