Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

18 март 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери – жени во политиката, парламентот, на раководни функции во органи на централната власт “ за периодот од 2020-2025 година.

 

Сиљановска-Давкова ги поздрави резвизорските активности за унапредување на родовата еднаквост преку поголема транспарентност и отчетност на институциите.

Според неа, ревизијата овозможува објективно утврдување на состојбите, како предуслов за изготвување квалитетни и издржани препораки за добро управување.

Претседателката посочи дека во нејзиниот Кабинет мнозинството вработени и на раководни позиции, се жени. Во врска со нејзините надлежности, таа укажа дека: има жена Аѓутант; за прв пат после 30 години на чело на Агенцијата за разузнавање е жена; во Советот за безбедност е именувана жена; во Комисијата за одликувања и признанија од вкупно 11 члена 6 се жени, додека во Комисијата за помилување од вкупно 7 члена, 4 се жени меѓу кои и претседателката на комисијата; во Советот за млади има паритетна застапеност и двата предложени члена за Судскиот совет се жени. Од друга страна, од 2020 до 2025 година се именувани 14 жени амбасадори, што говори за недоволна застапеност на жените во дипломатијата.

За Сиљановска-Давкова, клучни причини за родовата нееднаквост се: постоењето на патријархалната политичка култура, партизација и политизација на институциите, отсуството на внатрепартиска демократија и машка доминација на највисоките партиски и министерски функции.

Соговорниците се согласија дека родовата рамноправност води кон порепрезентативни институции коишто носат балансирани одлуки и креираат политики што ги одразуваат пошироките потреби на општеството.

Според нив, почитувањето на родово неутралните квоти не смее да биде на штета на професионализмот и стручноста.

Ревизорите сметаа дека е потребен нов закон за државна ревизија и ревизорските извештаи да имаат правно обврзувачка сила.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими членови на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“. За членовите на одборот, именувањето...

Сиљановска-Давкова на средба со ромски уметници: Потребна е видливост и рамноправност на уметниците Роми

Сиљановска-Давкова на средба со ромски уметници: Потребна е видливост и рамноправност на уметниците Роми

По повод Меѓународниот ден на Ромите, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими истакнати ромски уметници и културни дејци, активни на македонската културно-уметничка сцена и пошироко. Низ отворен и конструктивен дијалог, беа разменети мислења за македонскиот...

Честитка по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите

Честитка по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. Почитувани сограѓани Роми, Нека ви е и нека ни е честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Искрено посакувам да го...

Сиљановска-Давкова: Климатските промени се глобален, регионален и национален безбедносен предизвик – време е за превенција наместо реакција

Сиљановска-Давкова: Климатските промени се глобален, регионален и национален безбедносен предизвик – време е за превенција наместо реакција

Денеска, на иницијатива на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Кабинетот се одржа дебата на тема:„Климатски промени - ризици и предизвици“, модерирана од проф. д-р Владо Спиридонов, во својство на член на Советот за безбедност. Во воведното обраќање,...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед по повод Велигден

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед по повод Велигден

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски и до сите верници од католичка вероисповед. Почитуван д-р Стојанов, Ми претставува особено...