Претседателката Сиљановска-Давкова го прими раководниот тим на Државниот завод за ревизија

6 февруари 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими раководниот тим на Државниот завод за ревизија, предводен од Главниот државен ревизор, Максим Ацевски.

На средбата претседателката беше детално информирана за тековната работа и клучните алармантни наоди од Годишниот извештај за извршените ревизии.

Раководниот тим укажа на најризичните состојби и нужноста од нивно брзо и ефикасно надминување. Исто така, главниот државен ревизор ги презентираше тековните, како и планираните активности, согласно Годишната програма за работа.

Претседателката Сиљановска-Давкова изрази импресионираност од темелниот, стручен и професионален однос на ДЗР во вршењето на надлежностите, што ја вбројува во најпочитуваните државни органи дома, но и од надвор. Таа изрази особена поддршка за системскиот и транспарентен пристап кон работатата, укажувајќи на потребата од законско и домаќинско управување со јавните добра и средства, како и  санкционирање на незаконските постапки.

Таа посочи дека почитувањето на наодите и препораките на ДЗР е суштинско за унапредување на отчетноста и транспарентноста во јавниот сектор.

Професионалноста и независноста на ревизорите беа истакнати како основни причини за високиот углед, рејтинг и доверба во Државниот завод за ревизија.

Се отвори прашањето за новиот Закон за државна ревизија, како и за потребата од гарантирање уставен статус на ДЗР, како гаранција за независност.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност: Состојбата во којашто се наоѓаме e стабилна и безбедна

Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност: Состојбата во којашто се наоѓаме e стабилна и безбедна

Денеска во Кабинетот на Претседателката се одржа третата седница на Советот за безбедност. На седницата со којашто претседаваше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваа сите членови на Советот за безбедност: Африм Гаши, претседател на Собранието;...

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за утре, 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност. Седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно. На дневен ред на седницата ќе биде безбедносната состојба во земјава по...

Средба на Сиљановска-Давкова со Гордан Грлиќ Радман, МНР на Хрватска

Средба на Сиљановска-Давкова со Гордан Грлиќ Радман, МНР на Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, кој престојува во официјална посета на земјава. Обајцата го потврдија цврстото македонско-хрватско пријателство коешто...

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам Бегај. Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова. [gallery...

Започна официјалната посета на албанскиот претседател Бегај

Започна официјалната посета на албанскиот претседател Бегај

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој престојува во официјална посета на земјава. [gallery...