Претседателката Сиљановска Давкова се обрати на Женскиот економски форум – Балкан 2024

2 октомври 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на Женскиот економски форум – Балкан 2024, што се одржува во организација на Здружението на жени менаџери ЕЛИТ.

Во своето обраќање претседателката истакна дека иако е евидентен напредокот, не смееме да се задоволиме со постигнатото на полето на родовата еднаквост.

„Должни сме да продолжиме со заложбите за рамноправност и еднаквост на правата не само de jure, туку и de facto, оти женските права се човекови права и степенот на демократијата се оценува и низ нивната реализација. Особено е важно да се елиминираат бариерите за економска партиципација и лидерство на жените“, потенцираше претседателката.

Во таа насока таа истакна дека суштински предизвик е да се препознае и признае улогата на жената во процесите на одлучување и обликувањето на општеството, да се зголеми женското влијание врз и во различни сфери, вклучувајќи ги бизнисот, политиката, администрацијата, академската заедница и граѓанското општество.

Претседателката потенцираше дека поттикнувањето на иновациите и овозможувањето одржлив развој е еден од најважните приоритети поврзани со женското лидерство, како и зелената транзиција. Во таа насока таа посочи дека глобалните платформи како Г100 се добредојдени за стимулирање на локалните и националните промени во делот на женското лидерство во политиката, економијата и конкретно, во поддршката на женското претприемништво, менторство и едукација.

„Моќта на глобалните мрежи во споделувањето знаења, ресурси и системи за поддршка на жените е клучна во градењето на следната генерација жени лидерки кои ќе придонесат за конечно премостување на традиционалните граници во секторите во кои доминираат мажи“, посочи таа во своето обраќање.

Осврнувајќи се на глобалните предизвици, претседателката истакна дека во услови кога фокусот е на кризниот менаџмент сè помалку време се посветува на растот, развојот и напредокот и дека поделениот и завојуван свет има егзистенцијална потреба од одговорно лидерство, визионерство и темелна посветеност на одбраната на човековите права.

„Жените треба да ја превземат реформаторската улога. Тие ја имаат способноста да се издигнат над личните интереси и профитот и да ја видат големата човечка слика. Верувам дека токму жените лидерки во економијата, со својата енергија, посветеност, решителност, вештини и знаење може да ги преусмерат економските текови, ставајќи мировен, женски печат и промовирајќи и стимулирајќи одржливи и фер економски политики и модели, истакна претседателката Сиљановска Давкова, додавајќи дека жените лидерки во економијата поседуваат докажана општествена одговорност, грижа за заедницата и екологијата, остварување на милениумските цели без експлоатација и нарушување на работничките права.

Во своето обраќање претседателката изрази очекување дека релевантното меѓународно присуство и активност ќе ги охрабри и стимулира македонските лидерки да станат уште поактивни социјални актерки во низа области.

Целта на форумот е вмрежување на жените од различни сектори од регионот на Западен Балкан и Република Турција, преку размена на искуства и нивна соработка, а во насока на поттикнување и јакнење на улогата и позицијата на жените во општеството.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен, претседателка на Европската Комисија

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен, претседателка на Европската Комисија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лaјен, која е во посета на земјава. Најпрво, Гордана Сиљановска-Давкова изрази благодарност за растечкиот интерес и посветеност на Европската унија...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Националниот молитвен појадок

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Националниот молитвен појадок

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со претставници на Националниот молитвен појадок, којшто е посветен на разбирањето, простувањето, помирувањето и заедништвото преку заедничка молитва. За првпат, во 1953 година, претседателот Ајзенхауер...

Сиљановска-Давкова до бруцошите: Вреди да се студира, предава и живее на УКИМ, како заеднички дом на професорите и на студентите

Сиљановска-Давкова до бруцошите: Вреди да се студира, предава и живее на УКИМ, како заеднички дом на професорите и на студентите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на свеченоста по повод почетокот на новата академска 2026/2027 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. [gallery...

Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионот

Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионот

Во Вила Водно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со студенти од Колеџот на Европа во Тирана, кои престојуваат во земјава, во рамките на студиска посета посветена на влијанието на европската интеграција врз трансформацијата на земјите од Западен...

Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија

Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на 22. Европски самит во Салцбург, денеска се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“. Таа говореше за иднината на европскиот проект, стратешките предизвици со коишто се соочува...