Претседателката Сиљановска Давкова ја прими заменик извршната директорка на UN Womеn, Њараѕаи Гумбонзванда

17 октомври 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими заменик извршната директорка на Агенцијата на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените, UN Womеn, Њараѕаи Гумбонзванда.

На средбата беа разменети мислења за постигнатиот напредокот во земјава во однос на родовата еднаквост, ефикасноста на стратегиите за борба против родовото насилство, можностите за економско зајакнување на жените, зголемување на нивната застапеност на лидерски позиции, предизвиците со кои се соочуваат жените од маргинализираните заедници, како и за соработката со UN Womеn.

Соговорничките се согласија дека еднаквото учество на жените во креирање на политиките, како и во областите на одбраната, безбедноста и меѓународните односи е од суштинско значење за инклузивен и одржлив развој. Во тој контекст беше истакнато дека родовата нееднаквост е повидлива на локално ниво, каде жените кои се стремат за лидерски позиции се соочуваат со бројни бариери кои произлегуваат од патријархалните вредности и родовите стереотипи. Воедно, беше посочено дека се неопходни поголеми инвестиции и во програмите наменети за создавање поправеден пазар на труд, односно рамноправност и еднакви можности меѓу жените и мажите на пазарот на труд.

Со цел унапредување на родовата еднаквост и подобрување на статусот на жените во сите области од јавниот и приватниот живот, претседателката истакна дека земјава ќе продолжи со целосно усогласување на националните стратешки документи со Агендата за одржлив развој 2030 и со Цел 5 за одржлив развој: Родова еднаквост.

Во разговорот со Гумбонзванда, претседателката Сиљановска Давкова ја истакна нејзината целосна посветеност на подигање на свеста за прашањата за родовата еднаквост и изрази поддршка на иницијативите кои го унапредуваат севкупниот статус на жените во македонското општество. Таа изрази уверување дека блиската соработка со агенциите на ОН и UN Women ќе продолжи и ќе се продлабочи и во иднина, со цел обезбедување на родовата еднаквост меѓу приоритетните задачи на националната агенда.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, утрово оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев. Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно...

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена...

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Раби Торбеј, извршен директор на Проект ХОУП (Project HOPE) и Сиен Авалос, претседателка на Фондацијата БД (Becton, Dickinson and Company Foundation). За Сиљановска –...

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на одбележувањето на 17 Октомври – Денот на Командата за операции, во касарната „Боро Менков“ во Куманово. Таа ја истакна клучната улога на Командата во одбраната...

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ја придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. [gallery...