Сиљановска-Давкова ги прими шпанскиот амбасадор и претставниците на ОН и УНДП во пресрет на Конференцијата во Севиља

12 јуни 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз, постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија и претставникот на УНДП во Скопје, Армен Григорјан, во пресрет на одржувањето на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот (FfD4), што под покровителство на ООН ќе се одржи во Севиља, Шпанија, а на која ќе учествува Сиљановска-Давкова.

На средбата претседателката беше запознаена со целите, очекувањата и важноста на Конференцијата. Лидерскиот собир во Севиља, соговорниците го оценија како добра можност за изнаоѓање решенија за справување со финансиските предизвици во исполнувањето на Целите на одржливиот развој. Од Конференцијата, на којашто е најавено учество на повеќе од 50 шефови на држави и влади, се очекува да произлезе Платформа за акција, со конкретни иницијативи и финансии.

Сиљановска-Давкова смета дека без соодветни финансиски средства не е можно да се реализира Агендата 2030. Таа укажа на потребата од реформирање на меѓународната финансиска архитектура, од поддршка на земјите во развој и поголема достапност до финансиите.Во инвестицискиот поттик на приватниот сектор и во јавно-приватното партнерство претседателката гледа решение за обезбедување на потребните средства.Потенцирајќи ги јасните цели, претседателката ја нагласи суштинската важност на мултилатералната и на регионалната соработка.

Претставниците на ОН ја поздравија силната посветеност на нашата држава на Агендата 2030, како и интегрирањето на целите за одржлив развој во националните стратегии и плановите за локален развој. Тие изразија задоволство од успешноста на Кредитната линија зa финансирање во зелена енергија (Green Financing Facilities), којашто овозможува инвестиции на малите и средни претпријатија во енергетска ефикасност и обновливи извори на  енергија.

Претседателката изрази подготвеност за натамошно проширување на билатералните односи со Шпанија и продолжување на одличната соработка со институциите на ОН. Таа го поздрави ангажманот на целиот тим на ОН во развојот на Рамката за соработка за одржлив развој 2026-2030, како стратешки документ, усогласен со националните развојни приоритети и меѓународните обврски за човековите права.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство....

Средба со претставници на ИНОВА

Средба со претставници на ИНОВА

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Даниела Димовска, директорка на новоформираната Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Таа ја запозна со стратешките приоритети, проекти...