Генералниот секретар на Кабинетот на Претседателот, Ѓорги Божинов и британскиот амбасадор, Метју Лосон потпишаа меморандум за соработка

19 декември 2024 | Соопштенија

Во Кабинетот на Претседателот денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, претставувана од Министерството за надворешни работи, Комонвелт и развој (FCDO), застапувано од Амбасадорот на ОК во Република Северна Македонија, Метју Лосон и Претседател на Република Северна Македонија, претставуван од Генералниот секретар, Ѓорги Божинов.

Целта на овој меморандум е да обезбеди поддршка на Кабинетот на Претседателот, а за да се овозможи спроведување на проектот „Зајакнување на административните капацитети на стручната служба – Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија“. Проектот го спроведува Центарот за управување со промени, во рамките на проектот „Преобмислување на управувањето“ финансиран од Фондот за слобода и отпорност на Обединетото Кралство (ФРП).

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беа потврдени пријателските македонско-словачки односи. [gallery...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од Н.Е. г-а Маја Сивањанам, вонредна и ополномоштена амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Сиљановска-Давкова...

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченоста по повод 80-годишниот јубилеј на централнобанкарското работење на Народната банка, којашто се одржа во Музејот на Народната банка. Таа говореше за Народната банка, за нејзината трансформација во...

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Албулена Хаџиу, претседателка на Собранието на Република Косово, која престојува во официјална посета на државава. Таа искажа задоволство од развојот на македонско-косовските...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со алумни на Универзитетот Харвард

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со алумни на Универзитетот Харвард

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими група алумни на Универзитетот Харвард кои престојуваат во земјава во рамките на студиското патување низ земјите од Балканот. Во разговорот, гостите ја запознаа претседателката со досегашните посети во регионот и со...