Сиљановска-Давкова прифати да биде покровителка на 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

6 ноември 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Ана Стојаноска, уметничка директорка на МТФ „Војдан Чернодрински“, театролог, писателка и редовна професорка на Драмскиот факултет во Скопје.

Директорката детално ја запозна со програмата на 60. јубилејно издание на фестивалот којшто ќе се одржи во јуни следната година под провокативното мото „Храбриот нов театар“.

Импресионирана од иновативноста на програмската содржина, претседателката со задоволство прифати да биде покровителка на фестивалот.

Соговорничките споделија мислења за македонската драматургија, местото и улогата на славните глумци во неа, но и хроничните проблеми со коишто се соочуваат театрите, вклучувајќи ги и најтешките: просторните и финансиските.

Сепак, недвосмислено заклучија дека театарот мора да остане жив и витален, обидувајќи се да привлече нова публика меѓу децата и младите, воден од чесната намера да ја поттикне кај нив љубовта кон уметноста.

Претседателката смета дека знаењето, професионалноста, храброста и ентузијазмот на директорката и нејзиниот тим гарантираат незаборавен фестивал којшто заслужува институционална и финансиска поддршка.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници од групата на АЛДЕ

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници од групата на АЛДЕ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) од Европскиот Парламент, учесници на меѓународната конференција „Quo vadis Europa 2025?", што се одржа во Скопје. [gallery...

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Сиљановска-Давкова

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Сиљановска-Давкова

Во претседателскиот Кабинет, денеска, 270 деца од скопските основни училишта „Вера Јоциќ“, „Лазо Ангеловски“ и „Димитар Македонски“, како и од градинките  „Буба Мара“ и „ЛИЛИПУТ ДВОРЧЕ“, присуствуваа на церемонијата на свечено менување на државното знаме. [gallery...

Сиљановска – Давкова: „Вељо Манчевски“ е вреднување на посебниот духовен, образовен и хуман придонес

Сиљановска – Давкова: „Вељо Манчевски“ е вреднување на посебниот духовен, образовен и хуман придонес

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на церемонијата на доделувањето на признанието „Вељо Манчевски“, именувано по првиот верски референт во 1943 година. Во својство на покровителка, таа им честиташе на добитниците, оценувајќи дека нивниот труд,...

Сиљановска-Давкова: Меѓународниот ден на човековите права не треба да биде само ден за комеморација, туку момент на соочување со тешки прашања

Сиљановска-Давкова: Меѓународниот ден на човековите права не треба да биде само ден за комеморација, туку момент на соочување со тешки прашања

По повод Меѓународниот ден на човековите права, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Свечената седница на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Таа укажа дека 10 декември е симбол на...

Сиљановска-Давкова: Родово одговорното буџетирање е системско решение за општествените потреби

Сиљановска-Давкова: Родово одговорното буџетирање е системско решение за општествените потреби

,,При секое планирање на државниот буџет мора да се има предвид родовата димензија, ако сакаме да бидеме просперитетни", рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на отворањето на меѓународниот форум „Одиме Глокално 2.0: Одржлива родово одговорна иднина“, што...