Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Планинарскиот клуб „Љуботен“

15 април 2025 | Соопштенија, Средби

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на Планинарскиот клуб „Љуботен“ по повод стогодишнината од постоењето  на најстариот македонски планинарски клуб.

Честитајќи им го големиот јубилеј, таа истакна дека не само таа, туку и широката јавност ги цени и високо ги  вреднува нивните досегашни активности во планинарството, во коишто препознава не само спорт, туку и посебна филозофија на живот, неразделен  од коегзистенцијата со природата, инспириран од еколошката свест и решеноста да се негува,  сочува и да им се остави во наследство и на идните генерации.

Претседателката ја потенцираше неповторливата и незаборавна убавина на Шар планина, издвојувајќи ја ,,Лешница” како нејзин планински бисер и потсетувајќи на прекрасните времиња на манифестирана и докажана љубов и почит кон планината и природата.

Претставниците на клубот, како вљубеници во Шара, со особена посветеност раскажуваа за реализираните проекти, но и за претстојните активности годинава, како: традиционалното искачување на Титов Врв, летното ноќно искачување на Љуботен, младинското кампување во Вратница и реализирањето на планинската трка.

Гостите ја информираа претседателката за Свечената академија, како централен настан во рамките на прославата, на која ќе учествуваат бројни друштва од земјава и од регионот.

Претседателката пројави особен интерес за некои проекти на Клубот, како: Музејот на планинарење и скијање, првиот Инфо-центар за Шар Планина и обновата на Планинарскиот дом „Љуботен“.

Според неа, постојаната грижа и заштита на природата не е само поединечна и колективна, ниту локална, туку национална обврска кон идните генерации коишто имааат право на здрава и убава животна средина, како непотрошно и неотуѓиво човеково право.

Едновековната шарпланинска приказна, смета претседателката, мора да продолжи  како безрезервна љубов кон природата, височините, зеленилото, снегот, водите, ливадите, цвеќињата, тишината и мирот!

„Љуботен“ е нејзин признат и почитуван писател.

 

 

 

 

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Албулена Хаџиу, претседателка на Собранието на Република Косово, која престојува во официјална посета на државава. Таа искажа задоволство од развојот на македонско-косовските...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со алумни на Универзитетот Харвард

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со алумни на Универзитетот Харвард

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими група алумни на Универзитетот Харвард кои престојуваат во земјава во рамките на студиското патување низ земјите од Балканот. Во разговорот, гостите ја запознаа претседателката со досегашните посети во регионот и со...

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

По повод 35-годишнината од донесувањето на Уставот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова имаше средба со претставници на Македонското здружение на млади правници, придружени од други правници, одбрани на конкурс. Сиљановска-Давкова, која беше надворешна членка...

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година во Будимпешта. ...

Сиљановска-Давкова во Будимпешта на средба со унгарскиот претседател, Бака

Сиљановска-Давкова во Будимпешта на средба со унгарскиот претседател, Бака

По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Будимпешта присуствуваше на работниот ручек, којшто за шефовите на делегациите го приреди претседателот на Унгарија, Андраш Бака. [gallery...