Претседателката Сиљановска Давкова ги прими лауреатот, добитничките на награди и организаторите на 63. издание на Струшките вечери на поезијата

23 август 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими лауреатот и добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за 2024 година, Жан-Пјер Симеон, добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“, Катица Ќулавкова, добитничката на наградата „Мостови на Струга“, Катрин Пиц и добитничката на возобновената награда „Млада Струга“, Филипа Сара Попова.

На средбата присуствуваа Тодорче Тасевски, директорот на Струшките вечери на поезијата, Елизабета Шелева, претседателка на управниот одбор на фестивалот и Јордан Плевнеш, поранешниот македонски амбасадор во Франција и препејувач на поезијата на лауреатот Жан-Пјер Симеон.

Посочувајќи дека Струшките вечери на поезијата, со повеќе од шест децениското постоење и автентичност, го имаат приматот на еден од најстарите и најзначајни светски поетски фестивали, претседателката ја поздрави годинашната богата програмска содржина и ја истакна неговата непроценлива важност за презентација на македонското и светското поетско творештво.

На средбата, претседателката Сиљановска Давкова упати честитки до годинашниот лауреат, францускиот поет, драматург и есеист Жан-Пјер Симеон и до добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“, академик Катица Ќулавкова,  истакнувајќи го нивниот значаен творечки, литературен и поетски придонес, како и до младите поетеси Катрин Пиц и Филипа Сара Попова, изразувајќи очекување дека овие престижни награди ќе претставуваат охрабрување и поттик за нивни натамошни меѓународни успеси.

Соговорниците разменија мислења за значењето и придонесот на Струшките вечери на поезијата во севкупната афирмација на македонската држава и култура, како и за важноста од постојано надградување на фестивалот и негово отворање за нови содржини и форми на поетска презентација.

Претседателката го поздрави возобновувањето на наградата „Млада Струга“ како можност за промоција на авторите дебитанти и поетите од помладата генерација, како и издавањето на специјалното издание со Брајово писмо на избор од антологиски песни на Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски и Матеја Матевски, со што се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо и им се овозможува на лицата со оштетен вид да ја доживеат убавината на поезијата.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу со седиште во Букурешт,  Глорија дел Кармен Оливарес. Сиљановска-Давкова истакна дека двете држави веќе 20 години градат пријателски...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Дмитриј Константинович Зиков. Сиљановска-Давкова изрази уверување дека дипломатските активности на амбасадорот ќе бидат насочени кон...

Сиљановска-Давкова и Милатовиќ одржаа предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“: Евроинтегративниот процес на Западен Балкан низ црногорска и македонска призма

Сиљановска-Давкова и Милатовиќ одржаа предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“: Евроинтегративниот процес на Западен Балкан низ црногорска и македонска призма

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, пред студенти, професори и други заинтересирани, одржаа заедничко предавање посветено на евроинтеграциите. [gallery...

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

Во рамки на официјалната посета на црногорскиот претседател, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Јаков Милатовиќ одржаа заедничка прес-конференција. Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова. [gallery...

Започна официјалната посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Започна официјалната посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

На официјална церемонија, со највисоки државни и воени почести, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ. По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на црногорската делегација. [gallery...