Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот

13 декември 2024 | Соопштенија

Ученици од основните училишта „Кузман Јосифовски Питу“ од општина Кисела Вода, „Кочо Рацин“ од општина Петровец, „Кочо Рацин“ од општина Центар, „Лазо Трповски“ и „Јан Амос Коменски“ од општина Карпош, денеска го посетија Кабинетот на Претседателот и присуствуваа на  церемонијата на свечено менување на државното знаме.

Овој значаен чин, извршен од припадниците на Баталјонот за почести, со цел оддавање почит кон македонското знаме како симбол и репрезент на државата, беше уникатна можност учениците, во присуство на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, да ги почувствуваат вредностите и важноста на државните симболи.

На средбата со претседателката Сиљановска Давкова, основците ги споделија своите впечатоци од церемонијата, како и интересите за севкупното функционирање на институцијата.

Претседателката изрази задоволство од денешната посета на учениците, нагласувајќи ја важноста на денешниот чин на оддавање почит кон македонското знаме и воопшто кон државните симболи.

„Се соочив со безброј неочекувани прашања: од она за тежината на претседателската функција, преку еден претседателски ден, до прашањето дали ќе ги удостојам со посета на нивните училишта“, истакна претседателката.

За време на престојот во Кабинетот, денешните гости ги посетија и просториите во коишто се реализираат состаноци, свечености, официјални и работни средби.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на настанот „Национален дијалог во пресрет на СОР31“, организиран од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за енергетика, рударство и минерални...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беа потврдени пријателските македонско-словачки односи. [gallery...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од Н.Е. г-а Маја Сивањанам, вонредна и ополномоштена амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Сиљановска-Давкова...

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченоста по повод 80-годишниот јубилеј на централнобанкарското работење на Народната банка, којашто се одржа во Музејот на Народната банка. Таа говореше за Народната банка, за нејзината трансформација во...

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Албулена Хаџиу, претседателка на Собранието на Република Косово, која престојува во официјална посета на државава. Таа искажа задоволство од развојот на македонско-косовските...