Проштална средба на претседателката Сиљановска-Давкова со шведската амбасадорка Ами Ларсон Џаин

4 јули 2025 | Соопштенија, Средби

 

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на проштална средба ја прими амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џаин, на која ѝ се заблагодари за нејзината посветеност и придонесот за унапредување на шведско-македонските односи и соработка.

Обете ги потврдија традиционално добрите односи меѓу двете држави, при што,  Сиљановска-Давкова нагласи дека зајакнувањето на политичките, економските, културните, образовните и други односи со Кралството Шведска останува приоритет на нашата надворешна политика.

Истакнувајќи дека ѝ претставувало чест да ја претставува Шведска и да соработува со претставниците на македонските институции и организации, како и да другарува со македонските граѓани, амбасадорката се заблагодари за гостопримството и го потенцираше исклучителниот квалитет на комуникацијата  со претседателката.

Сиљановска-Давкова изрази особен респект кон личноста и резултатите од работата на Ами Ларсон Џаин, посакувајќи ѝ добро здравје и нови успеси во идните професионални и лични ангажмани.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на Здружението „Јас Сум Жена“

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на Здружението „Јас Сум Жена“

 Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставничките на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“, во состав: Ана Дукоска, Анета Механджијска и Славица Јанкова. На средбата се разговараше за претстојната...

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставнички на здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување (ин- витро) „До бебе по патот на ин - витро“, во состав Деспина Петровска, претседател и членови Наташа Ѓорѓиева Божинов и Марија...

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен, претседателка на Европската Комисија

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен, претседателка на Европската Комисија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лaјен, која е во посета на земјава. Најпрво, Гордана Сиљановска-Давкова изрази благодарност за растечкиот интерес и посветеност на Европската унија...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Националниот молитвен појадок

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Националниот молитвен појадок

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со претставници на Националниот молитвен појадок, којшто е посветен на разбирањето, простувањето, помирувањето и заедништвото преку заедничка молитва. За првпат, во 1953 година, претседателот Ајзенхауер...

Сиљановска-Давкова до бруцошите: Вреди да се студира, предава и живее на УКИМ, како заеднички дом на професорите и на студентите

Сиљановска-Давкова до бруцошите: Вреди да се студира, предава и живее на УКИМ, како заеднички дом на професорите и на студентите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на свеченоста по повод почетокот на новата академска 2026/2027 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. [gallery...