Претседателката Сиљановска-Давкова го прими во проштална средба австралискиот амбасадор Даниел Емери

15 јануари 2025 | Соопштенија, Средби

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими во проштална средба амбасадорот на Австралија Даниел Емери, при што му се заблагодари за неговото сесрдно залагање и придонес во унапредувањето на односите и соработката меѓу двете земји посакувајќи му натамошни лични и професионални успеси.

Таа изрази задоволство од одбележувањето на 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете држави, со надеж дека Австралија ќе продолжи да биде наш партнер и сојузник во остварувањето на македонските стратешки цели и аспирации.

На средбата беше истакната важната улога на македонската дијаспора како мост за воспоставување блиски, пријателски односи меѓу двете држави.

Претседателката Сиљановска-Давкова го запозна амбасадорот со намерата за формирање на Совет за дијаспора како поттик за нејзино вклучување во македонскиот општествен живот.

На средбата беше истакната решеноста на обете држави за зајакнување на билатералните односи и проширување на соработката во различни области. Заеднички беше констатирано дека нивото на економска соработка заостанува и дека постои потенцијал за нејзино проширување и продлабочување.

Претседателката  ја потенцираше одличната соработка со Австралија во рамките на ОН кадешто споделуваме слични ставови и вредности за бројни прашања.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова: Климатските промени се глобален, регионален и национален безбедносен предизвик – време е за превенција наместо реакција

Сиљановска-Давкова: Климатските промени се глобален, регионален и национален безбедносен предизвик – време е за превенција наместо реакција

Денеска, на иницијатива на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Кабинетот се одржа дебата на тема:„Климатски промени - ризици и предизвици“, модерирана од проф. д-р Владо Спиридонов, во својство на член на Советот за безбедност. Во воведното обраќање,...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед по повод Велигден

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед по повод Велигден

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски и до сите верници од католичка вероисповед. Почитуван д-р Стојанов, Ми претставува особено...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу со седиште во Букурешт,  Глорија дел Кармен Оливарес. Сиљановска-Давкова истакна дека двете држави веќе 20 години градат пријателски...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Дмитриј Константинович Зиков. Сиљановска-Давкова изрази уверување дека дипломатските активности на амбасадорот ќе бидат насочени кон...

Сиљановска-Давкова и Милатовиќ одржаа предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“: Евроинтегративниот процес на Западен Балкан низ црногорска и македонска призма

Сиљановска-Давкова и Милатовиќ одржаа предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“: Евроинтегративниот процес на Западен Балкан низ црногорска и македонска призма

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, пред студенти, професори и други заинтересирани, одржаа заедничко предавање посветено на евроинтеграциите. [gallery...